Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Недостаток на мирПримерок

Missing Peace

2 ДЕН ОД 7

Мир во врските 

Несигурноста тежнее кон тоа да ги зголемува конфликтите, зацврстува ставот и во периоди каде терминот "неспоредлив“ претставува термин на годината, секој еден од нас се соочил со некакво неусогласување. 

Независно дали станува збор за некои политички аргументи кои започнуваат во текот на некоја празнична вечера, за некои вжештени коментари низ социјалните медиуми или тешки разговори околу некои поставени ограничувања, понекогаш луѓето кои ги сакаме може да бидат оние кои ни предизвикуваат најмногу стрес. 

Во секој случај, мирот во нашите врски е возможен. Всушност, да се донесе мир на светот е нешто за кое сме повикани како следбеници на Исус. Во проповедта на планината, Исус кажа: 

“Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!“ ‭‭‬‬ Матеј‬ ‭5:9‬ ‭MK2006

Забележи дека вели “миротворец”—а не “чувар на мирот.” Создавањето на мирот е активен процес. Тоа не значи дека се согласуваме со секое мислење кое е споделено на масата на која што седиме, исто така не значи дека треба да се согласиме со сѐ што е кажано на таа маса или да избегнуваме конфликт. Овие дела може да донесат лажно присуство на мир—но во никој случај вистински мир. 

Иако претставува искушение да се игнорира конфликтот или да се преправаме дека не е присутен, тоа не е одговор кој потекнува од љубов. Римјаните 12:9 не потсетува дека љубовта мора да биде искрена. Доколку ги криеме нашите повредени чувства, ние не носиме мир со себе—туку го избегнуваме миротворниот процес. 

Во секој случај, Павле продолжува да нѐ предизвикува во Римјаните 12 да размислуваме за тоа како мирот би изгледал, што воопште не е лесно. После охрабрувањето да ги благословуваме оние кои не повредуваат, да избегнуваме одмазда и да живееме во хармонија со другите, не предизвикува со ова: 

Доколку е возможно, во случај да зависи од тебе, живеј во мир со секого. Римјаните 12:18

Забележи дека вели, “во случај да зависи од тебе.” Тоа не значи дека ние добиваме пропусница за немир поради лудиот однос на нашиот вујко. Без оглед на тоа колку хаотично изгледа сѐ околу нас, Бог бара од нас да трагаме по мирот, независно од тоа дали тоа значи да вклучиме некого директно или да се оттргнеме од некоја ситуација, доколку сметаме дека тоа е најдобриот начин да на кој можеме да донесеме мир во тој момент.

Па, како е можно да се биде миротворец во секоја ситуација? Добиваме мудрост за ова од Јаков: 

А мудроста, што иде озгора, е најнапред чиста, а потоа мирна , кротка, покорна, полна со милост и добри пло­до­ви, непристрасна и нелицемерна. Плодот, пак, на правдата во мир се сее од миротворците. Јаков‬ ‭3:17-18‬ ‭MK2006‬‬

Да се биде миротворец наликува на тоа да бараме мудрост од Бог, па потоа да ја испитаме таа мудрост дали е исполнета со мир или со нашата гордост. Тоа значи дека иако е во ред да ги споделиме нашите мислења и изјасниме нашите грижи, ние даваме предност на другите пред нас. 

Изгледа на тоа да се биде понизен и милостив во моментите кога ја споделуваме нашата перспектива. Значи да ги испитаме нашите мотиви за споделување и да бидеме сигурни дека го правиме тоа со цел да предизвикаме обнова. Тоа изгледа слично на тоа да се запрашаме дали нашата цел е да бидеме праведни или да бидеме во право. 

Па кога ќе се најдеш во ситуација во која има потреба од мир, паузирај на кратко. Замисли си го најдоброто за другата личност и разговарај за тоа како се чувствуваш или што размислуваш. Биди понизен, покажи емпатија, моли се и запрашај се каков би бил следниот најдобар чекор што би донел мир во вашата ситуација. 

Со тоа го правиш ова, ти претставуваш миротворец—и си Божјо дете. 

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Missing Peace

Дали е навистина возможно да имаме мир додека живееме во болка? Краткиот одговор е: да, но не можеме да го постигнеме со наша сила. Во година во која бевме преоптоварени, многумина од нас останаа да се запрашуваат дали ова е возможно. Низ овој 7-дневен Библиски план, во придружба на пораките од Пастор Крег Грошел, ќе откриеме како да го пронајдеме мирот кој ни недостасува на секој еден од нас.

More

Благодарни сме на Life.Church за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, посетете го: https://www.life.church/