Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Недостаток на мирПримерок

Missing Peace

4 ДЕН ОД 7

Мир во исчекувањето 

Вчера разговаравме за тоа, како да го пронајдеме мирот преку Божјите ветувања, што всушност е многу потешко да го сториме во моментите додека го чекаме. Сите сме поминале низ такви периоди каде ни изгледало дека Бог е тука за сите, освен на тебе. Можеби сеуште не си ја добил работата која ја сакаш, можеби сакаш да се ожениш но твоите шанси изгледаат помали од било кога претходно или можеби очекуваш да добиеш дете во моменти кога ти изгледа дека сите околу тебе објавуваат дека зачнале.

Што и да чекаш, знај дека Бог не те заборавил. Тој е со тебе додека чекаш, всушност, периодите на враќањето и раѓањето на Исус се заосновани на чекање—чекање да дојде принцот на мирот во светот и да го спаси човештвото од гревот.  

Можеш ли да замислиш колку долго изгледа ова чекање? Поминале скоро 750 години помеѓу пишувањето за доаѓањето на Исус во Исаија 9:6 и Неговото раѓање. Луѓето чекале со векови, не сигурни кога (или дали воопшто) Бог ќе го исполни своето ветување. Тогаш го испрати Неговиот син, Исус!

И сега? Нема потреба да чекаме повеќе за да бидеме исполнети со мир, а сепак сме во исчекување на Неговото второ доаѓање, очекувајки го денот кога нашиот Бог ќе ги поправи сите погрешни нешта. 

Така, во нашиот расипан свет, ние ќе искусиме периоди на чекање, но знаеме дека тие периоди не се потрошено време. Колку и да сакаме да прескокнеме до моментот на исполнување на она кое се надеваме, се случува да разбереме кого го прославуваме во тие моменти на исчекување.

 Запрашај се себеси: Дали сум повеќе загрижен за тоа да го добијам она што го посакувам или повеќе да го запознаам Бог? 

Ова е тешко прашање, но вредно да си го поставиме бидејки ни открива кого и што точно прославуваме.  

Види вака: во ред е да бидеш изнервиран и да плачеш пред Бог зошто не можеш да го разбереш Неговиот распоред. Всушност, добредојден си да го правиш тоа, но нашите периоди на исчекување не се вртат околу тоа ние да ги добиеме нештата на кои се надеваме, туку да се надеваме и да му веруваме на Бог. 

Најверојатно треба да го промениш концептот на размислување за периодите во исчекување. Наместо да се фокусираш на чекањето, насочи ги своите мисли на присетувањето—на тоа кој е Бог, на сѐ она што Тој го сторил за тебе и на сѐ што знаеш дека е вистина за Неговиот карактер.

Доколку се бориш со тоа да пронајдеш мир во периоди на исчекување, запамти дека: 

Господ ги зацврстува стапките на човекот и мили Му се неговите па­тишта: па и ако се сопне, нема да падне, зашто Господ го држи за рака. Псалми‬ ‭37:23-24‬ ‭MK2006‬‬

Бог управува со твојата приказна и секој детал за Него е значаен. Тој те подига кога ти е тешко и ти се радува. 

Немој да се брзаш во процесот на чекање, наместо тоа, најди мир во тој процес со тоа што ќе одвоиш време да паузираш и да откриеш, на што точно Бог сака да те научи. Затоа денес, одвој време да размислиш за овие прашања додека чекаш:  

  • Боже, што сакаш да ми покажеш додека чекам?  
  • Како можам да го искористам овој период на исчекување за Твоја слава и во добра служба за луѓето?
Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Missing Peace

Дали е навистина возможно да имаме мир додека живееме во болка? Краткиот одговор е: да, но не можеме да го постигнеме со наша сила. Во година во која бевме преоптоварени, многумина од нас останаа да се запрашуваат дали ова е возможно. Низ овој 7-дневен Библиски план, во придружба на пораките од Пастор Крег Грошел, ќе откриеме како да го пронајдеме мирот кој ни недостасува на секој еден од нас.

More

Благодарни сме на Life.Church за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, посетете го: https://www.life.church/