Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Недостаток на мирПримерок

Missing Peace

7 ДЕН ОД 7

Мир за во иднина 

Многу често чувствуваме недостаток на мир кога не ни се познати сите делови од планот за нашиот живот. Имаме тенденција да бидеме загрижени кога не сме свесни како ќе заврши некоја одредена ситуација или кога не сме ние тие кои го контролираат нејзиниот исход, но доброто е што може да најдеме мир во некоја нова перспектива.  

Можеби не знаеме што ни носи иднината во нашите животи, но знаеме како ќе изгледа колективната иднина—Исус ќе се врати за да ги исправи сите грешки на ова место. Еве еден дел од Откровение 21: 

“И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина.” … Откровение‬ ‭21:4‬ MK2006‬‬

Ова знаење има сила да го одржи нашето срце во мир со тоа што, независно од тоа со какви искушенија се соочуваме, треба да бидеме свесни дека Бог ќе победи на крај.  

Исус нѐ потсети на ова во Јован 14 кога им кажа на Неговите ученици дека нема потреба да се грижат за тоа каде оди, бидејки Тој за нив, припрема место во куќата на Неговиот татко. За да можеме сите да имаме мир во сегашноста знаејки го нашето место кое е спремно за нас во иднината.  

Тоа не значи дека ние само пасивно треба да се надеваме на вечноста и да не правиме ништо додека сме на земјата. Наместо тоа, имаме мир во нас кој не движи во акција—да носиме повеќе од Божјото царство на земјата со тоа што ќе бидеме миротворци, споделувајки ја нашата вера, љубејки ги другите, служејки им преку користење на нашите дарови за Негова слава и правејки го тоа, ние носиме дел од Божјиот мир—целина—во овој расипан свет.  

Погледни ја само оваа предизвикувачка молитва од Павле на темата, како да го чекаме Исусовото враќање: 

А Сам Бог на мирот да ве освети наполно во сѐ, и целиот ваш дух и ду­шата и телото да се запазат без порок за доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос! ‭‭1 Солуњаните‬ ‭5:23‬ ‭MK2006

Додека размислуваш на разни начини за тоа како да го пронајдеш мирот кој ти недостасува во животот, запамти дека вистинскиот мир доаѓа само преку Бог. Тој е единствениот кој може да ги земе нашите скршени делчиња и да создаде од нив нешто ново. Додека го бараш тој мир, размисли на кој начин можеш да го споделиш Неговиот мир со луѓето околу тебе. 

Мирот не може да ни го украдат. Мирот е личност. Неговото име е Исус. И додека го славиме Неговиот роденден за Божиќ, треба да се потсетиме и на Неговото враќање назад на земјата. Додека го чекаме треба да имаме цел, да чекаме во мир, знаејки дека нашиот Бог е верен, дека е добар и дека Тој е мирот кој недостасува во нашите души и во нашиот свет за да биде целосен. 

Моли се: Боже, ти благодарам што го испрати Исус да ни донесе мир. Исполни ме со твојата радост и мир бидејки јас ти верувам, направи да наликувам повеќе на Тебе во времето поминато чекајки те да се вратиш. Денес ги оставам моите грижи пред Тебе, знаејки дека Ти се грижиш за сѐ и само ти можеш да ме ослободиш. Покажи ми како да бидам миротворец и како да донесам повеќе од Твоето царство на земјата. Во името на Исус, амин.  
Ден 6

Опис за овој план

Missing Peace

Дали е навистина возможно да имаме мир додека живееме во болка? Краткиот одговор е: да, но не можеме да го постигнеме со наша сила. Во година во која бевме преоптоварени, многумина од нас останаа да се запрашуваат дали ова е возможно. Низ овој 7-дневен Библиски план, во придружба на пораките од Пастор Крег Грошел, ќе откриеме како да го пронајдеме мирот кој ни недостасува на секој еден од нас.

More

Благодарни сме на Life.Church за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, посетете го: https://www.life.church/