Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Недостаток на мирПримерок

Missing Peace

5 ДЕН ОД 7

Мир со Бог 

Веќе разговаравме претходно да се потсетиме на Божјите ветувања и Божјиот карактер, но што се случува кога не сме во мир со Бог? Можеби си изнервиран поради тоа што се чувствуваш како Бог да те напуштил во последно време или можеби си разочаран поради тоа што не ти се верува како е можно толку добар и љубезен Бог да дозволи да имаме вакви тешки времиња на овој свет. 

Треба да се присетиш на ова: Бог може да го понесе напорот кој потекнува од сите твои чувства. 

Тој би претпочитал да ги искажеш своите грижи пред Него наместо да се оддалечиш од Него. Всушност, Бог трага по тебе со целото срце до тој степен што го испрати Својот син на земјата за да ти овозможи пат до мирот. 

Без Исус, ние бевме одделени од Бог поради нашиот грев, а Бог поради тоа што е љубезен татко и сака да биде поврзан со нас, ни го овозможи патот:

А Тој беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија; казната за нашиот мир падна врз Него, , а преку Неговите рани ние се излекувавме. Исаија‬ ‭53:5‬ ‭MK2006‬‬ 

Исус го обнови мирот во нашата врска со Бог, што значи дека сите ние имаме комплетен и бесплатен пристап преку Исус до Таткото кој не љуби, ни простува и се грижи за нас. Во ред е доколку се налутиш малку кога работите не одат така како што посакуваш—само не дозволувај болката во тие околности да ти ја замати добрината на Неговиот карактер. 

Пастор Ејми Грошел вели вака: “Треба да ја известиме болката од нашите чувства, за она што веруваме дека е вистината.” 

Твоите чувства се веродостојни, но немој да им дозволиш да те победат. Всушност, Псалм 46:10 содржи едно моќно потсетување за ова: 

Тој вели, “Застанете и разберете дека Јас сум Бог, возвишен над народите, возвишен над Земјата.“ Псалми‬ ‭46:10‬ ‭MK2006‬‬

Ни дава инстукции да бидеме смирени и да разбереме дека Тој е Бог. Не вели, “Бидете мирни и чувствувајте” дека Тој е Бог. Нашите чувства се веродостојни, но не се секогаш вкоренети во вистината. Сепак, Бог, кој е суштината на нашата вера е засекогаш цврст и вистинит што ни овозможува да ја користиме нашата вера за да ги филтрираме нашите чувства.

Ова не значи дека не смееме да се прашуваме за нешто во врска со Бог. Псалмите се исполнети со моменти во кои Давид и други плачат пред Бог, го молат да им ги промени околностите и се прашуваат дали воопшто Бог ги слуша, но секогаш, тие се навраќаат на вистината—дека Бог е добар. Тој има добар план за нас. Тој држи сѐ под контрола и е достоен да го прославуваме и да му веруваме. 

Доколку чувствуваш дека не си во мир со Бог во овој момент, извести ги своите чувства за моќта која е во Божјиот збор и запамти ги овие добри вести: Исус е нашиот пат до мирот со Бог. Тој ја заврши сета работа за нас и ја плати цената за нашиот мир.

Ден 4Ден 6

Опис за овој план

Missing Peace

Дали е навистина возможно да имаме мир додека живееме во болка? Краткиот одговор е: да, но не можеме да го постигнеме со наша сила. Во година во која бевме преоптоварени, многумина од нас останаа да се запрашуваат дали ова е возможно. Низ овој 7-дневен Библиски план, во придружба на пораките од Пастор Крег Грошел, ќе откриеме како да го пронајдеме мирот кој ни недостасува на секој еден од нас.

More

Благодарни сме на Life.Church за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, посетете го: https://www.life.church/