Недостаток на мирПримерок
Недостаток на мир
2020-та година ќе биде најверојатно запишана во историјата како една од најнепопуларните години во нашите животи. Почнувајки со глобалната пандемија па се до зголемена свест за расната омраза, политичките тензии и поделби кои го исполнија овој период со разни предизвици. Многумина од нас се чувствуваат како да имаат отсуство на мир, некои дури и добиваат чувство дека некој им го одзел или украл мирот.
Но што ако нашите околности не се тоа што ни го одзема мирот—што ако тие само послужиле за да го откриеме нашиот веќе постоечки недостаток на мир?
Кога се соочуваме со времиња на предизвици, ние наоѓаме начин да го идеализираме нашето минато и да мислиме дека доколку нашите искуства би биле поразлични, конечно би можеле да бидеме среќни и да живееме исполнети со мир.
И сепак, секоја година, по сѐ изгледа дека ние сеуште трагаме по мирот. Иако треба да си признаеме колку беше оваа година предизвикувачка, ние не можеме да ја обвиниме за сите проблеми со кои сме се соочиле. Исто така не може да го омаловажиме Божјото дело дури и во текот на ваков хаотичен период.
Па, што претставува мирот? Како да го пронајдеме кога сме поделени, неспокојни и несигурни за тоа што ќе ни донесе иднината?
Добра вест е тоа што мирот не се наоѓа во отсуство на проблеми, туку во Исусовото присуство.
Ефесјаните 2:14 не потсетува дека Исус дојде за да ни донесе мир. Не само да ни даде мир, туку навистина да биде нашиот мир. Всушност грчкиот збор за мир е eirene, што во исто време значи “целина“. Исус не дојде на земјата за ние да искусиме само неколку убави денови, Тој дојде за да нѐ обнови—и нашата врска со Бог—во целост.
Нашиот мир е емитуван преку присуството на нашиот непроменлив Бог. Тој е ист вчера, денес, утре и засекогаш, Тој е константен, Тој е добар и вреден за да му веруваме.
Ние нема да го пронајдеме мирот преку промена на нашите околности или преку самостојна потрага. Исус ни е делот кој ни недостасува и во моментот кога ќе престанеме да се фокусираме на нашите проблеми туку на Него, ние ќе започнеме да го искусуваме мирот кој ги штити нашите срца и го надминува нашето разбирање. Земете го овој дел од Писмото како потсетување:
Цврстиот по дух Ти го пазиш во совршен мир, зашто на Тебе се надева. Надевајте се на Господ засекогаш, зашто Господ Бог е вечната тврдина; Исаија 26:3-4 MK2006
Да се има перфектен мир звучи неверојатно, нели? Но тој може да го достигнеме само кога ги фокусираме нашите мисли на Исус и му ја даваме целата наша доверба.
Можеби имате чувство дека мирот ви недостасува или сте многу далеку од тоа да го достигнете, но вистината е дека, за нас, мирот претставува една личност во која кога веруваме и ги фокусираме нашите мисли на тоа кој е Тој, со сигурност ќе го пронајдеме. Тоа не значи дека ние засекогаш ќе бидеме среќни или дека никогаш нема да се соочиме со неспокој или страв, туку значи дека знаеме каде да најдеме мир во моментите Богкога се бориме со нешто, бидејки мирот е последица на Божјото присуство.
Опис за овој план
Дали е навистина возможно да имаме мир додека живееме во болка? Краткиот одговор е: да, но не можеме да го постигнеме со наша сила. Во година во која бевме преоптоварени, многумина од нас останаа да се запрашуваат дали ова е возможно. Низ овој 7-дневен Библиски план, во придружба на пораките од Пастор Крег Грошел, ќе откриеме како да го пронајдеме мирот кој ни недостасува на секој еден од нас.
More