Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Недостаток на мирПримерок

Missing Peace

3 ДЕН ОД 7

Мир во умот

Помисли на некое време од минатото во кое си се соочувал со некој сериозен проблем, си се борел со неспокој или депресија, си загубил некој од твоите сакани луѓе или можеби не си успеал да го оствариш својот сон или не си ги исполнил поставените очекувања за својот живот. Можеш ли да наброиш неколку нешта што луѓето ги направиле за тебе, кои најмногу ти помогнаа додека се соочуваше со својот проблем? 

Можеби не ги памтиш зборовите што некој ги кажал, но ти сигурно памтиш кој бил до тебе додека поминуваш низ проблематичниот период. Секогаш ги памтиме луѓето кои слушаат, кои се појавиле и кои одвоиле време да бидат со тебе кога ти било тешко. 

Кога се соочуваме со најтешките проблеми, можеме да се помириме со фактот дека нашиот Бог е сегогаш тука за нас. Всушност, во книгата на Исаија, Исус е наречен Емануел, што значи “Бог со нас.” 

Кога се бориме да пронајдеме мир во тешки околности, понекогаш, најдоброто нешто кое можеме да го направиме е да препознаеме дека Бог е со нас и да му благодариме за Неговото присуство. 

И добрата вест е што не мора да се трудиме и бориме самостојно со нашата сила. Кога го следиме Исус, Тој ни дава уште еден подарок— присуството на Светиот Дух. Ние не мора самостојно да собираме храброст и мир, кога може да побараме од Светиот Дух да нѐ води во нашите животи, да ги чува нашите срца и да произведува плод кој ќе надрасне над нашата фрустрација.

Како што Павле не потсетува: 

Зашто оние кои живеат по тело, копнеат за телесното, а кои живеат по Дух – за духовното. Копнежот на телото е смрт, а‭‭‬‬ коп­не­жот на духот – живот и мир. Римјаните‬ ‭8:5-6‬ ‭MK2006 

Во моментите кога сме обземени од нашите мисли за вестите, контроверзиите низ социјалните медиуми и сите нешта кои не вознемируваат, природно е да се чувствуваме панично и преоптоварено. Иако е мудро да бидеме информирани, ние мораме да се осигураме дека го исполнуваме нашиот ум со нешта кои го пленат нашиот дух. 

Всушност еден начин да го пронајдеме Божјиот мир е преку помнење на Божјите ветувања и ставање фокус на тие ветувања повеќе отколку на твоите проблеми. 

Се мислиш од каде да почнеш? Прочитај го Псалм 23 неколку пати за да се потсетиш дека Бог е со тебе кога се соочуваш со искушенија, кога минуваш низ долини или кога ти треба утеха и комфорт. Може да направиш една листа од нешта кои се вистинити за Бог, на пример: Тој е секогаш близу оние со скршено срце, Тој ни дава мир кој го надминува разумот, Тој е наше засолниште во време на неволја, Тој е нашиот прекрасен советник, нашиот моќен Бог, нашиот принц на мирот! 

Денес, доколку чувствуваш неспокој или си преоптоварен, запамти го ова: Бог се грижи за тебе. Тој те гледа, те љуби, Тој е со тебе и е тука за тебе и најдоброто нешто кое можеш да го направиш за да можеш да го пронајдеш мирот е да си спомнеш за Неговите ветувања за твоите проблеми и да ги предадеш твоите мисли на Светиот Дух.

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Missing Peace

Дали е навистина возможно да имаме мир додека живееме во болка? Краткиот одговор е: да, но не можеме да го постигнеме со наша сила. Во година во која бевме преоптоварени, многумина од нас останаа да се запрашуваат дали ова е возможно. Низ овој 7-дневен Библиски план, во придружба на пораките од Пастор Крег Грошел, ќе откриеме како да го пронајдеме мирот кој ни недостасува на секој еден од нас.

More

Благодарни сме на Life.Church за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, посетете го: https://www.life.church/