Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСУС ЦАРОТ: Велигденско библиско читање од Тимоти КелерПримерок

JESUS THE KING: An Easter Devotional By Timothy Keller

9 ДЕН ОД 9

„Умирањето на смртта“

Исус им рече на своите ученици: „Ќе воскреснам на третиот ден.“ Тој тоа го кажа во Марко 8, повторно во Марко 9 и уште еднаш во Марко 10та глава.

Имајќи го во предвид тоа повторување, нешто исклучително се случува. На третиот ден по смртта на Исус, ги нема учениците - мажи, а жените се појавуваат но за да донесат скапи мириси со кои традиционално се премачкувало телото на починатиот. Никој не очекува воскресение. Ако беше ти Марко, авторот на Евангелието, обидувајќи се да напишеш едно добро четиво, и во него Исус постојано им зборува на своите ученици дека ќе воскресне на третиот ден, зарем немаше да се најде барем еден ученик кој ќе подразмисли за сè по смртта на Исус, па да им каже на другите „Еј, денес е третиот ден. Можеби треба да отидеме до гробот на Исус. Што ќе загубиме ако отидеме?“ Тоа ќе имаше смисла. Но никој не рече такво нешто. Всушност, тие воопшто не ни очекуваа воскресение. Не се ни сетија на тоа. Ангелот што се појави пред празниот гроб требаше да ги потсети жените: „Ќе го видите, така како што ви кажа Тој“. Ако ја измислеше Марко оваа приказна, сигурно немаше вака да ја напише.

Еве што е поентата: Воскресението беше толку незамисливо за учениците, толку неверојатно за верување, исто како што е и за мнозина од нас денес. Можеби од поинакви причини отколку нашите денес. Грците во тоа време не верувале во воскресение, според нивниот светоглед животот после смртта се замислувал како ослободување на душата од телото. За нив воскресението никогаш не било дел од тој живот после смртта. За Евреите, некои од нив верувале во едно идно воскресение кога целиот цвет ќе биде обновен, но тие сепак немале концепт за поединечно воскреснување од мртвите. Луѓето од времето на Исус не биле предодредени да веруваат во воскресение повеќе од нас денес.

Дали ти е тешко да веруваш дека Исус воскресна од мртвите? Како може воскресението на Исус да ти даде надеж?

Извадоци од ИСУС ЦАРОТ од Тимоти Келер
Отпечатено со дозвола од Riverhead Books, член на Penguin Group (USA) LLC, A Penguin Random House Company. Copyright © 2011 by Timothy Keller

Исто така од ИСУС ЦАРОТ Водич за проучување од Тимоти Келер и Спенс Шелтон, Copyright (c) 2015 by Zondervan, a division of HarperCollins Christian Publishers.
Ден 8

Опис за овој план

JESUS THE KING: An Easter Devotional By Timothy Keller

Најпродаваниот автор на „Њујорк тајмс“ и познат пастор Тимоти Келер споделува една серија на епизоди од животот на Исус како што се раскажани во книгата Евангелие по Марко. Гледајќи ги одблизу овие приказни, тој дава нови сознанија за односот помеѓу нашите животи и животот на Божјиот Син, со поглед кон Велигден. ИСУС ЦАРОТ претставува книга која сега има вклучено и водич за проучување за мали групи, достапна секаде каде што се продаваат христијански книги.

More

Извадоци од книга издадена од Riverhead Books, членка на Penguin Random House, водич за проучување издаден од Harper Collins Christian Publishers. За повеќе информации посетете ја страницата http://www.penguin.com/book/jesus-the-king-by-timothy-keller/9781594486661 или http://www.zondervan.com/jesus-the-king-study-guide