Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСУС ЦАРОТ: Велигденско библиско читање од Тимоти КелерПримерок

JESUS THE KING: An Easter Devotional By Timothy Keller

3 ДЕН ОД 9

„Повеќе отколку што очекуваше“

Понекогаш кога одам кај Исус, Тој дозволува да се случат нешта кои не ги разбирам. Тој не ги прави нештата според мој план или на начин кој ми има смисла. Но ако Исус е Бог, тогаш Тој сигурно е доволно голем за да има одредени причини поради кои дозволува да поминеш низ некои работи кои не ги разбираш. Неговата моќ не може да се ограничи, но исто така и Неговата мудрост и љубов. На природата не и е многу грижа за тебе, но Исус е исполнет со една нескротлива љубов за тебе. Ако учениците навистина знаеја дека Исус ги љуби, ако навистина разбраа дека Тој е семоќен и исполнет со љубов, тогаш немаше да се плашат. Нивната претпоставка дека ако Исус ги сака нема да дозволи ништо лошо да им се случи, беше погрешна. Тој може да сака некого и сепак да дозволи да му се случат лоши работи бидејќи Тој е Бог - бидејќи Тој знае повеќе од таа личност.

Ако имаш Бог Кој е доволно голем и доволно моќен за да издржи кога ќе Му се налутиш бидејќи не го сопира твоето страдање, ти исто така имаш Бог Кој е доволно голем и доволно моќен за да има одредени причини кои ти не можеш да ги разбереш. Не може да важат двете нешта истовремено. Мојата учителка Елизабет Елиот го напиша тоа убаво во две кратки реченици: „Бог е Бог и бидејќи Тој е Бог, Тој е достоен за слава и за служење. Нема да најдам мир никаде на друго место освен во Неговата волја, а таа волја е бескрајно, немерливо и неискажливо поголема од моите најсилни претпоставки за тоа што планира да направи Тој. Дали е безбеден? Секако дека не е. Кој спомна нешто за сигурноста? Но Тој е добар. Тој е Царот.“

Како можеме да имаме мир во Христос за време на околностите кои тежнеат да создадат загриженост и/или очај? Каде во твојот живот чекаш Исус да обезбеди помош?

Извадоци од ИСУС ЦАРОТ од Тимоти Келер
Отпечатено со дозвола од Riverhead Books, член на Penguin Group (USA) LLC, A Penguin Random House Company. Copyright © 2011 by Timothy Keller

Исто така од ИСУС ЦАРОТ Водич за проучување од Тимоти Келер и Спенс Шелтон, Copyright (c) 2015 by Zondervan, a division of HarperCollins Christian Publishers.

Свето Писмо

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

JESUS THE KING: An Easter Devotional By Timothy Keller

Најпродаваниот автор на „Њујорк тајмс“ и познат пастор Тимоти Келер споделува една серија на епизоди од животот на Исус како што се раскажани во книгата Евангелие по Марко. Гледајќи ги одблизу овие приказни, тој дава нови сознанија за односот помеѓу нашите животи и животот на Божјиот Син, со поглед кон Велигден. ИСУС ЦАРОТ претставува книга која сега има вклучено и водич за проучување за мали групи, достапна секаде каде што се продаваат христијански книги.

More

Извадоци од книга издадена од Riverhead Books, членка на Penguin Random House, водич за проучување издаден од Harper Collins Christian Publishers. За повеќе информации посетете ја страницата http://www.penguin.com/book/jesus-the-king-by-timothy-keller/9781594486661 или http://www.zondervan.com/jesus-the-king-study-guide