ИСУС ЦАРОТ: Велигденско библиско читање од Тимоти КелерПримерок
„Исус мораше да умре“
Со употребата на зборот мора, Исус укажува на тоа дека планира да умре - и дека тоа ќе го направи доброволно. Тој не искажува само едно предвидување за својата смрт. Најверојатно тоа најмногу го погоди Петар. Едно нешто е Исус да рече „Ќе се борам и ќе бидам поразен.“ а сосема друго е да рече „Заради ова дојдов, имам намера да умрам!“ Ова е крајно неразбирливо за Петар.
Токму затоа во моментот кога Исус го кажува тоа, Петар почнува да го „кара“. Овој е глаголот кој се користи насекаде за она што им го правеше Исус на демоните. Ова значи дека Петар го укорува Исус на најсилен можен начин. Зошто Петар е толку невнимателен, па да се заврти против Исус веднаш откако го идентификува Него како Месијата? Уште од најмали нозе Петар беше поучуван дека кога Месијата ќе дојде Тој ќе го порази злото и неправдата со тоа што ќе се искачи на тронот. Но овде Исус вели: „Да, Јас Сум Месијата, Царот, но дојдов не за да живеам туку за да умрам. Не дојдов да ја освојам власта, туку да ја загубам. Не дојдов тука за да владеам, туку за да служам. И токму така ќе го поразам злото и ќе ги поправам сите нешта.“
Исус не рече дека Синот Човечки ќе пострада, Тој рече дека Синот Човечки мора да пострада. Овој збор е толку важен што се спомнува два пати: „Синот Човечки мора да пострада и... мора да биде убиен.“ Зборот мора ја менува и контролира целата реченица, а тоа значи дека сè од таа листа е неопходно. Исус мора да пострада, мора да биде отфрлен, мора да умре и мора да воскресне. Ова е еден од најважните зборови во приказната за светот и тоа е еден страшен збор. Она што го кажа Исус не беше само „Јас дојдов за да умрам“ туку „Јас мора да умрам. Апсолутно неопходно е да умрам. Овој свет не може да се промени, а ни твојот живот, доколку не умрам.“ Зошто би било апсолутно неопходно за Исус да умре?
За Петар потребата од Исусовата смрт беше мошне тешка. Зошто беше тоа толку тешко за него - и за нас - да го прифатиме?
Извадоци од ИСУС ЦАРОТ од Тимоти Келер
Отпечатено со дозвола од Riverhead Books, член на Penguin Group (USA) LLC, A Penguin Random House Company. Copyright © 2011 by Timothy Keller
Исто така од ИСУС ЦАРОТ Водич за проучување од Тимоти Келер и Спенс Шелтон, Copyright (c) 2015 by Zondervan, a division of HarperCollins Christian Publishers.

Свето Писмо
Опис за овој план
Најпродаваниот автор на „Њујорк тајмс“ и познат пастор Тимоти Келер споделува една серија на епизоди од животот на Исус како што се раскажани во книгата Евангелие по Марко. Гледајќи ги одблизу овие приказни, тој дава нови сознанија за односот помеѓу нашите животи и животот на Божјиот Син, со поглед кон Велигден. ИСУС ЦАРОТ претставува книга која сега има вклучено и водич за проучување за мали групи, достапна секаде каде што се продаваат христијански книги.
More
Извадоци од книга издадена од Riverhead Books, членка на Penguin Random House, водич за проучување издаден од Harper Collins Christian Publishers. За повеќе информации посетете ја страницата http://www.penguin.com/book/jesus-the-king-by-timothy-keller/9781594486661 или http://www.zondervan.com/jesus-the-king-study-guide