Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСУС ЦАРОТ: Велигденско библиско читање од Тимоти КелерПримерок

JESUS THE KING: An Easter Devotional By Timothy Keller

1 ДЕН ОД 9

„Повикан од Царот“

Евангелието не претставува совет: Тоа е радосна вест дека не треба да си го заработиш својот пат до Бог; Исус веќе го направи тоа наместо тебе. Тоа е еден подарок кој можеш да го примиш преку едноставна милост - преку Божјата сеопфатна незаслужена благонаклонетост. Доколку го зграпчиш тој подарок и ако го задржиш, тогаш Исусовиот повик до тебе нема да те однесе кон фанатизам или просечност. Ќе бидеш желен да го направиш Исус врвен приоритет и цел, ќе орбитрираш околу Него, а сепак кога ќе се сретнеш со некој што има поинакви приоритети, поинаква вера, нема да си заклучиш дека тие се некако инфериорни во однос на тебе. Ти всушност ќе гледаш како можеш да им помогнеш наместо да ги напаѓаш.

Зошто? Бидејќи Евангелието не претставува избор каков совет да се следи, туку тоа е да се биде повикан да се следи Царот. Не само некој со сила и авторитет кој ќе ти кажува што треба да се направи - туку Некој со сила и авторитет да го направи она што треба, а потоа да ти го понуди на тебе како радосна вест.

Каде гледаме ваков авторитет? Крштавањето на Исус веќе имаше натприродни знаци кои го објавија Неговиот божествен авторитет. Потоа гледаме како Симон, Андреј, Јаков и Јован почнуваат да го следат Исус без одлагање - така што Неговиот повик има свој авторитет. Марко продолжува да се надоградува на оваа тема:

„И дојдоа во Капернаум и веднаш во саботата, влезе во синагогата и поучуваше. И и се восхитуваа на Неговата наука, зашто ги учеше како Оној, Кој има власт, а не како книжниците.“
(Марко 1: 21-22)

Марко за прв пат го користи зборот „власт“ (авторитет), кој буквално значи “она што потекнува од оригиналот’. Тој збор потекнува од истиот корен како и зборот „автор“. Марко со тоа кажува дека Исус поучувал за животот со оригинален наместо со добиен авторитет.

Како би изгледал твојот живот доколку целосно се предадеш на овој совршен Цар? Твојата работа? Семејниот живот? Финансиите? Социјалниот живот?

Извадоци од ИСУС ЦАРОТ од Тимоти Келер
Отпечатено со дозвола од Riverhead Books, член на Penguin Group (USA) LLC, A Penguin Random House Company. Copyright © 2011 by Timothy Keller

Исто така од ИСУС ЦАРОТ Водич за проучување од Тимоти Келер и Спенс Шелтон, Copyright (c) 2015 by Zondervan, a division of HarperCollins Christian Publishers.

Свето Писмо

Ден 2

Опис за овој план

JESUS THE KING: An Easter Devotional By Timothy Keller

Најпродаваниот автор на „Њујорк тајмс“ и познат пастор Тимоти Келер споделува една серија на епизоди од животот на Исус како што се раскажани во книгата Евангелие по Марко. Гледајќи ги одблизу овие приказни, тој дава нови сознанија за односот помеѓу нашите животи и животот на Божјиот Син, со поглед кон Велигден. ИСУС ЦАРОТ претставува книга која сега има вклучено и водич за проучување за мали групи, достапна секаде каде што се продаваат христијански книги.

More

Извадоци од книга издадена од Riverhead Books, членка на Penguin Random House, водич за проучување издаден од Harper Collins Christian Publishers. За повеќе информации посетете ја страницата http://www.penguin.com/book/jesus-the-king-by-timothy-keller/9781594486661 или http://www.zondervan.com/jesus-the-king-study-guide