ИСУС ЦАРОТ: Велигденско библиско читање од Тимоти КелерПримерок
„Подлабоко исцелување“
Исус знае нешто што човекот не го знае - а тоа е дека има еден многу поголем проблем од човечката физичка состојба. Исус му вели на човекот: „Ги разбирам твоите проблеми. Ги гледам твоите страдања. Ќе дојде ред и за нив. Но те молам разбери дека најголемиот проблем за животот на човекот никогаш не е неговото страдање, туку неговиот грев.“
Ако одговорот на Исус е навредлив за тебе, тогаш те молам размисли за следново: Ако некој ти рече: „Главниот проблем во твојот живот не е она што ти се случило, не е она што другите ти направиле на тебе, туку главниот проблем е начинот на кој си реагирал на сето тоа“ - иронично, ова звучи охрабурвачки. Зошто? Бидејќи не можеш многу да направиш во врска со тоа што ти се случило или во врска со она што другите го направиле - но можеш да направиш нешто во врска со себе. Кога Библијата зборува за гревот тоа не се однесува само за лошите работи што ги правиме. Не се работи само за лажење или за похотна желба или што и да е друго - туку за игнорирање на Бог во светот што го создал, бунтување против Бог преку живеење без помисла за Него. Тоа е како да изјавуваме „Јас ќе си одлучам најдобро како да го живеам мојот живот.“ А Исус вели дека тоа е нашиот најголем проблем.
Исус има средба со еден парализиран човек при што го соочува со неговиот најголем проблем на едно подлабоко ниво. Исус вели: “Со тоа што дојде кај Мене и побара само товето тело да биде исцелено, не одиш доволно длабоко. Ги имаш потценето длабочините на твоите копнежи, копнежите на твоето срце.“ Секој парализиран човек природно сака со цело свое битие да може да оди. Сигурно овој човек ја положил сета своја надеж во можноста повторно да може да оди. Во срцето најверојатно си велел: „Само да можам да проодам пак, тогаш ќе бидам спремен за живот. Никогаш нема да бидам несреќен, никогаш нема да се жалам. Само да можам да одам, тогаш сè ќе биде во ред.“ Но Исус вели: „Синко мој, грешиш.“ Ова можеби звучи грубо, но е длабока вистина. Исус вели: „Кога ќе ти го исцелам телото, ако само тоа го направам, тогаш ќе мислиш дека никогаш повеќе нема да бидеш несреќен. Но почекај два месеци, четири месеци - и таа еуфорија нема да трае. Корените на незадоволството на човечкото срце се подлабоки.“
Зошто беше простувањето на парализираниот негова најдлабока потреба? Зошто тоа е и наша најдлабока потреба? Кои други „потреби“ сметаме дека се подлабоки од нашата потреба за прошка?
Извадоци од ИСУС ЦАРОТ од Тимоти Келер
Отпечатено со дозвола од Riverhead Books, член на Penguin Group (USA) LLC, A Penguin Random House Company. Copyright © 2011 by Timothy Keller
Исто така од ИСУС ЦАРОТ Водич за проучување од Тимоти Келер и Спенс Шелтон, Copyright (c) 2015 by Zondervan, a division of HarperCollins Christian Publishers.

Свето Писмо
Опис за овој план
Најпродаваниот автор на „Њујорк тајмс“ и познат пастор Тимоти Келер споделува една серија на епизоди од животот на Исус како што се раскажани во книгата Евангелие по Марко. Гледајќи ги одблизу овие приказни, тој дава нови сознанија за односот помеѓу нашите животи и животот на Божјиот Син, со поглед кон Велигден. ИСУС ЦАРОТ претставува книга која сега има вклучено и водич за проучување за мали групи, достапна секаде каде што се продаваат христијански книги.
More
Извадоци од книга издадена од Riverhead Books, членка на Penguin Random House, водич за проучување издаден од Harper Collins Christian Publishers. За повеќе информации посетете ја страницата http://www.penguin.com/book/jesus-the-king-by-timothy-keller/9781594486661 или http://www.zondervan.com/jesus-the-king-study-guide