ИСУС ЦАРОТ: Велигденско библиско читање од Тимоти КелерПримерок
„Невозможното да стане можно“
При оваа средба Исус вели дека има нешто радикално погрешно со сите нас - а парите имаат особена моќ да нè заслепат во врска со тоа. Всушност тие имаат толкава моќ да нè измамат во врска со нашата вистинска духовна состојба што ни треба една милостива, чудесна интервенција од Бог за да можеме да го согледаме тоа. Не е возможно без Бог, без чудо. Без благодат.
Согледај како Исус го советуваше овој млад човек. Да, на овој човек му требаше советување иако однадвор изгледаше како сосема да е во ред. Беше богат, беше млад и најверојатно изледаше убаво - тешко е да си богат и млад, а да не си убав. Но нему не му беше сè во ред. Ако му беше така никогаш немаше да дојде кај Исус за да праша: „Што треба да направам за да добијам вечен живот?“
Секој еден посветен евреин го знаеше одговорот на тоа прашање. Рабините секогаш го поставуваа тоа прашање во своите писанија и поуки. Нивниот одговор секогаш беше истиот, немаше разлика во размислувањата по ова прашање. Одговорот беше „Пази ги Божјите заповеди и одбегнувај го секој грев.“ Младиот човек сигурно го знаел одговорот. Тогаш зошто го праша Исус?
Проникливото прашање на Исус. „Едно нешто ти фали“ ни овозможува да ја уловиме суштината на маката на овој млад човек. Тој како да велеше: „Знаеш што, сè сум правел како што треба, успеав на економски план, успеав на социјален план, успеав на морален план, успеав на религиозен план. Слушнав дека Ти си добар рабин, па се прашувам дали сум пропуштил нешто бидејќи чувствувам дека нешто ми недостасува.“
Се разбира дека нешто му недостасуваше. Бидејќи секој оној кој смета на своите дела за да заслужи вечен живот ќе открие дека и покрај сè што постигнал, постои една празнина, една несигурност, еден сомнеж. Нешто сигурно недостасува. Како може некој било кога да знае дали е доволно добар?
Како можеш да водиш успешна кариера, а да не паднеш во стапицата што ја создава богатството? На кој начин Евангелието го сменило - или може да го смени - твојот став кон парите?
Извадоци од ИСУС ЦАРОТ од Тимоти Келер
Отпечатено со дозвола од Riverhead Books, член на Penguin Group (USA) LLC, A Penguin Random House Company. Copyright © 2011 by Timothy Keller
Исто така од ИСУС ЦАРОТ Водич за проучување од Тимоти Келер и Спенс Шелтон, Copyright (c) 2015 by Zondervan, a division of HarperCollins Christian Publishers.

Свето Писмо
Опис за овој план
Најпродаваниот автор на „Њујорк тајмс“ и познат пастор Тимоти Келер споделува една серија на епизоди од животот на Исус како што се раскажани во книгата Евангелие по Марко. Гледајќи ги одблизу овие приказни, тој дава нови сознанија за односот помеѓу нашите животи и животот на Божјиот Син, со поглед кон Велигден. ИСУС ЦАРОТ претставува книга која сега има вклучено и водич за проучување за мали групи, достапна секаде каде што се продаваат христијански книги.
More
Извадоци од книга издадена од Riverhead Books, членка на Penguin Random House, водич за проучување издаден од Harper Collins Christian Publishers. За повеќе информации посетете ја страницата http://www.penguin.com/book/jesus-the-king-by-timothy-keller/9781594486661 или http://www.zondervan.com/jesus-the-king-study-guide