Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСУС ЦАРОТ: Велигденско библиско читање од Тимоти КелерПримерок

JESUS THE KING: An Easter Devotional By Timothy Keller

7 ДЕН ОД 9

„Причест и заедница“

Сети се што рече Исус кога ја зеде чашата:

И ја зеде чашата, заблагодари и им ја даде; и сите пиеја од неа. И им рече: „Ова е Мојата крв на Новиот Завет, која се пролева за мнозина. Вистина ви велам: нема веќе да пијам од лозовиот плод до оној ден, кога ќе пијам нов во Божјото Царство.” (Марко 14: 23-25)

Зборовите на Исус значат дека како резултат на Неговата откупителна жртва сега имаме еден Нов завет помеѓу Бог и нас. Основата на оваа врска е Исусовата крв: „мојата крв на Новиот завет.“ Кога Тој објавува дека нема повеќе да јаде или да пие сè додека не нè сретне во Божјото Царство, Исус ветува дека ќе биде безусловно посветен на нас: „Ќе ве донесам кај Татковите раце. Ќе ве донесам на гозбата кај Царот.“ Исус често пати го споредува Божјото Царство со седење на една голема гозба. Во Матеј 8 Исус вели: „Мнозина ќе дојдат од Исток и од Запад и ќе седнат на тр­пеза... во цар­ството небесно.“ Исус ветува дека ќе бидеме на оваа царска трпеза со Него.

Со овие едноставни гестови на држењето на лебот и на виното, со едноставните зборови „Ова е Моето тело... ова е Мојата крв“. Исус кажува дека сите претходни нешта, поранешните жртвувања, јагнињата за Пасха, сето тоа укажуваше на Него. Исто како што првата Пасха беше воспоставена вечерта пред да ги спаси Бог Израелците од ропство преку крвта на јагнињата, оваа Пасха беше јадена вечерта пред Бог да го спаси светот од гревот и смртта преку крвта на Исус.

Кои се некои работи што треба да се случат во твоето срце и ум, за да можеш искрено да го примиш она што го нуди Исус?

Извадоци од ИСУС ЦАРОТ од Тимоти Келер
Отпечатено со дозвола од Riverhead Books, член на Penguin Group (USA) LLC, A Penguin Random House Company. Copyright © 2011 by Timothy Keller

Исто така од ИСУС ЦАРОТ Водич за проучување од Тимоти Келер и Спенс Шелтон, Copyright (c) 2015 by Zondervan, a division of HarperCollins Christian Publishers.

Свето Писмо

Ден 6Ден 8

Опис за овој план

JESUS THE KING: An Easter Devotional By Timothy Keller

Најпродаваниот автор на „Њујорк тајмс“ и познат пастор Тимоти Келер споделува една серија на епизоди од животот на Исус како што се раскажани во книгата Евангелие по Марко. Гледајќи ги одблизу овие приказни, тој дава нови сознанија за односот помеѓу нашите животи и животот на Божјиот Син, со поглед кон Велигден. ИСУС ЦАРОТ претставува книга која сега има вклучено и водич за проучување за мали групи, достапна секаде каде што се продаваат христијански книги.

More

Извадоци од книга издадена од Riverhead Books, членка на Penguin Random House, водич за проучување издаден од Harper Collins Christian Publishers. За повеќе информации посетете ја страницата http://www.penguin.com/book/jesus-the-king-by-timothy-keller/9781594486661 или http://www.zondervan.com/jesus-the-king-study-guide