Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ИСУС ЦАРОТ: Велигденско библиско читање од Тимоти КелерПримерок

JESUS THE KING: An Easter Devotional By Timothy Keller

8 ДЕН ОД 9

„Распнатиот Цар“

Кога Првосвештеникот го праша Него: „Дали си ти Христос, Синот на Благословениот?“ Исус одговори: „Јас сум.“ Со таквиот одговор Исус вели: „Јас ќе дојдам на Земјата во сета Божја слава и ќе му судам на целиот свет.“ Тоа е една восхитувачка изјава. Тоа претставува тврдење за Неговата божествена природа.

Од сите нешта кои можел Исус да ги каже - а има толку многу текстови, теми, слики, метафори и стихови од Еврејските списи што можеше да ги употреби за да каже Кој е - Тој посебно истакна дека е Судија. Со изборот на овие зборови Исус намерно нè присилува да го согледаме парадоксот. Постои едно огромно превртување. Тој е Судија над целиот свет, а е осуден од светот. Тој треба да биде на судскиот престол, а ние треба да бидеме на клупата, врзани во синџири. Сè е превртено наопаку.

Само што кажа Исус дека е Судијата, само што изјави дека е со божествена природа следуваше експлозивен одговор. Марко запишал:

А Исус рече: „Јас Сум. И вие ќе Го видите Човечкиот Син, како седи оддесно на Силата и како иде со небесните облаци.” Тогаш првосвештеникот ја раскина својата облека и рече: „Зошто ни се потребни веќе сведоци? Чувте богохулство! Како ви се гледа?” А тие сите Го осудија дека заслужува смрт. И некои почнаа да Го плукаат и да Му го покриваат лицето, да Го удираат со тупаници и да Му велат: „Проречи!” И слугите Го удираа по образите.
(Марко 14:62-65)

Првосвештеникот си ги искина облеките, а тоа беше знак на најголем можен гнев, хорор и ожалостување. Понатаму целото судење оди кон полошо. Всушност тоа повеќе не е судење туку безредие. Поротниците и судиите почнуваат да го плукаат и да го тепаат. На сред судење тие апсолутно избезумуваат. Тој веднаш е осуден за богохулење што заслужува смртна казна.

И покрај тоа што ти и јас не можеме буквално да плукаме во лицето на Исус, ние сепак се потсмеваме со Него и го отфрламе. На кои начини сме склони да го одбиваме Исус како Бог?

Извадоци од ИСУС ЦАРОТ од Тимоти Келер
Отпечатено со дозвола од Riverhead Books, член на Penguin Group (USA) LLC, A Penguin Random House Company. Copyright © 2011 by Timothy Keller

Исто така од ИСУС ЦАРОТ Водич за проучување од Тимоти Келер и Спенс Шелтон, Copyright (c) 2015 by Zondervan, a division of HarperCollins Christian Publishers.

Свето Писмо

Ден 7Ден 9

Опис за овој план

JESUS THE KING: An Easter Devotional By Timothy Keller

Најпродаваниот автор на „Њујорк тајмс“ и познат пастор Тимоти Келер споделува една серија на епизоди од животот на Исус како што се раскажани во книгата Евангелие по Марко. Гледајќи ги одблизу овие приказни, тој дава нови сознанија за односот помеѓу нашите животи и животот на Божјиот Син, со поглед кон Велигден. ИСУС ЦАРОТ претставува книга која сега има вклучено и водич за проучување за мали групи, достапна секаде каде што се продаваат христијански книги.

More

Извадоци од книга издадена од Riverhead Books, членка на Penguin Random House, водич за проучување издаден од Harper Collins Christian Publishers. За повеќе информации посетете ја страницата http://www.penguin.com/book/jesus-the-king-by-timothy-keller/9781594486661 или http://www.zondervan.com/jesus-the-king-study-guide