Кога Верата нѐ Напушта: 10 Дневно Барање на Бог во Сенките на СомнежотПримерок
Ти си повикан да учествуваш во приказна поголема од својата, исто како и првите Исусови ученици, твојот живот пулсира со некаква цел. Ти си создаден со цел да го запознаеш и да го следиш поради тоа што твоето срце копнее за ова. Секој еден од нас, кој го прославува или кој се сомнева во Него е поканет да учествува.
Тој им се обраќа на служителите чија вера никогаш не се разнишува. Како отсекогаш да верувале, потпевнувајки ги песните од Хилсонг во утробите на нивните мајки, и оттогаш не ја напуштиле верата. Но, Тој ги повикува и оние кои се сомневаат. . . . Оние со непотресна желба за интимност поради тоа што не можат да ја сварат верата која не е нивна.
Исус ги сака двата профили на луѓе. Сите се повикани, сите се испратени, сите се од витално значење за револуцијата која Тој ја започна.
Без разлика на тоа каде се наоѓаш моментално на твоето патување во верата, тој те повикува и тебе.
Можеби се наоѓаш далеку од дома, и не знаеш во што или дали воопште веруваш повеќе. Или можеби си поминал низ деструктивност во минатото и сега се соочуваш со најтешките животни прашања, или можеби си на пат да се вратиш дома. Твојата врска со Бог е различна од тоа што беше порано, но сега е многу подобра за разлика од тогаш. Подлабока. По жива.
Каде и да си, и што и да мислиш за Бог, пред тебе стојат бескрајни можности. Првите зборови на Исус запишани од учениците беа, “Дојди и следи ме“, додека неговите последни зборови во основа беа многу слични, нешто како продолжи да одиш напред, продолжи да трагаш по вистината.
Најголемата опасност не е да ја изгубиме нашата вера, туку да се задоволиме со умерена верзија од неа. Секој ден е нова можност да побараме, да трагаме, да тропаме на вратите. Има толку многу работи кои чекаат да бидат откриени, толку многу нешта да се научат, толку многу да се впие. Има тешки планини за искачување, предизвици за да преминеме преку нив, посети кои треба да ги пречекаме и убавини да искусиме. Бог да спознаеме.
Ти си сеуште на почеток.
И кога твоето срце ќе се растрепери, кога колената ќе ти попуштат и кога твојата вера ќе опадне, запамти дека ја имаш оваа надеж:
Исус го има последниот збор.
Сакаш да нурнеш подлабоко во темата? Нарачај ја книгата на Доминик Кога Верата нѐ Напушта за да откриеш повеќе за верата и двоумењето.
Свето Писмо
Опис за овој план
Борбата со верата и сомнежот може да создадат чувства на длабока изолација и осаменост. Некои тивко страдаат додека некои други ја напуштаат верата целосно, претпоставувајки дека сомнежот е некомпатибилен со верата. Доминик Дон верува дека ова е трагично и многу погрешно. Тој го користи писмото и друга литература за да докаже дека не само што е нормално да се запрашаме туку тоа двоумење многу често води до богата и вистинска вера. Да ги истражиме верата и сомнежот во овој 10-дневен план.
More