Кога Верата нѐ Напушта: 10 Дневно Барање на Бог во Сенките на СомнежотПримерок
Во Излез, Бог му кажа на Мојсеј да ги соблече сандалите поради тоа што стоеше на света земја. Сигурно тоа многу го изненадило! Тој ја познаваше таа област на пустината многу добро и шетал наоколу скоро четириесет години како овчар. Тој работеше таму и заради тоа за него тоа претставуваше обична прашлива, валкана земја изгазена од овци, но Бог кажа дека е света.
Што ако земјата каде што се наоѓаш моментално е света? Што ако секој детал од твојот живот проникнува поради Бог? Што ако атмосферата околу тебе е поттикната од Неговиот глас?
Бог зборува. Само можеби не точно на начинот кој го очекуваш.
• Тој зборува преку други луѓе. Дури и оние кои те нервираат.
• Тој зборува преку уметноста: добрите книги, музика, поезија, песни и фотографии.
• Тој може да ти зборува и преку соништата. . . .
• Тој зборува и преку креацијата, додека ја вдишуваме убавината која Тој ја создал.
• Тој зборува преку убеденоста и чувството на глодање дека нешто е погрешно. (понекогаш не е проблемот Божјата тишина туку гревот кој не прави глуви. Гревот сака да биде најгласниот глас во нашиот живот. Немој да го дозволиш тоа).
• Тој зборува преку нашата болка.
• Тој зборува преку нашите загуби.
• Тој дури зборува и преку нашите сомнежи.
Доколку Бог постои, тогаш нема нешто такво како обична земја. Сета е света. Свето е и местото каде што се наоѓаш сега каде и да си. Бог те кани да ги соблечеш твоите сандали и да го прославиш.
Тој е тука.
Божјите отпечатоци може да ги најдеш насекаде во твојот живот.
Свето Писмо
Опис за овој план
Борбата со верата и сомнежот може да создадат чувства на длабока изолација и осаменост. Некои тивко страдаат додека некои други ја напуштаат верата целосно, претпоставувајки дека сомнежот е некомпатибилен со верата. Доминик Дон верува дека ова е трагично и многу погрешно. Тој го користи писмото и друга литература за да докаже дека не само што е нормално да се запрашаме туку тоа двоумење многу често води до богата и вистинска вера. Да ги истражиме верата и сомнежот во овој 10-дневен план.
More