Кога Верата нѐ Напушта: 10 Дневно Барање на Бог во Сенките на СомнежотПримерок
Неможам да престанам да размислувам дали цело време сме гледале погрешно на Библијата. Можеби сме се опседнале со тоа како е можно некоја античка книга да ги решава сите наши историски, културолошки, научни и морални прашања кои неизбежно ни поттикнуваат сомнежи. Но што ако нејзината примарна цел не е интелектуална извесност, туку да ни служи како водич до плодоносна врска со Бог?
Можеби не треба да гледаме на Библијата низ модерната призма (Колку е рационална?) или пост-модерната (Како ова ми зборува на мене?). Можеби треба да ја прифатиме така како што е напишана: ексцентрична, чудна, тешка, предизвикувачка, книга која инспирира, која ги руши стереотипите и страна по страна, приказна по приказна, доживува кулминација со личноста Исус.
Ако е ова вистина, тогаш исто како и секоја врска, ќе ни одземе време.
Потребна ни е издржливост за да копаме по античкото минато, по закоравената површина за да ја откриеме вистината.
И ни треба еден тон понизност за да го преориентираме нашето размислување кога тоа ќе се случи.
Во секој случај, јас наоѓам мир во знаењето дека и авторите се сомневале во тоа што го пишуваат, но продолжиле да го следат патот на Месијата бидејки верувале дека на крај ќе се исплати. Тие имале надеж дека некој ден, некако, ќе го видат повторно својот Месија.
Ова ја прави Библијата не само достојна за верување, туку и достојна да се живее според неа.
Свето Писмо
Опис за овој план
Борбата со верата и сомнежот може да создадат чувства на длабока изолација и осаменост. Некои тивко страдаат додека некои други ја напуштаат верата целосно, претпоставувајки дека сомнежот е некомпатибилен со верата. Доминик Дон верува дека ова е трагично и многу погрешно. Тој го користи писмото и друга литература за да докаже дека не само што е нормално да се запрашаме туку тоа двоумење многу често води до богата и вистинска вера. Да ги истражиме верата и сомнежот во овој 10-дневен план.
More