Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Кога Верата нѐ Напушта: 10 Дневно Барање на Бог во Сенките на СомнежотПримерок

When Faith Fails: 10 Days Of Finding God In The Shadow Of Doubt

3 ДЕН ОД 10

Доколку домот е животот на верата, тогаш сомнежот е патот кој мора да го поминеме за да стигнеме до таму. Секако дека има предизвици на патот, стапици, осаменост, гнев, страв и прашања. Зборот прашање потекнува од Латинскиот quaerere, од што се добива зборот потрага. Потрагата, исто како и секоја авантура е исполнета со пречки. Секој повик доаѓа со цена. Планините се многу тешки за искачување, долините се мрачни и тешки за поминување. За повеќето од луѓето, враќањето дома изгледа доста комплицирано, но има и луѓе (на кои им завидувам) кои си поминуваат многу полесно во животот. Патот до дома е како брз автопат со четири ленти, само што ќе влезеш во кола, веќе си пристигнал. Некои луѓе слични на мене, се движат во правец со најубави глетки.

Во секој случај, пристигнуваме на целта.

И во секој случај, не сме сами. . . .

Ние сме понекогаш збунети и осамени, се истегнуваме избезумено низ урнатините во потрага по нашата цел. Дадени ни се две писма, во едното пишува дека нема никаква смисла и дека сѐ е случајно. Нештата само се случуваат, и патем и ти си случајност.

Но Исус ни го дава другото писмо. Тој вели дека животот има значење и сѐ она што претставуваш ти, секој здив што го земаш, твоите солзи и соништа се од големо значење. Тој ветува дека праведноста ќе завладее, милоста ќе победи и сето она што било срушено ќе се изгради одново. Сите ние сме поканети да Му се придружиме и да придонесеме најдобро што знаеме.

Некои велат дека ова не е ништо повеќе од само фантазија, и можеби се во право. Можеби навистина сме лудите, налудничави луѓе, но за мене е подобро да живеам во надеж, трагајки по убавиот Бог, наместо да живеам во болката и празнината на безбожниот свет.

Верувам дека има некоја поголема цел од слепата незаинтересираност без дно.

Верувам во Бог кој не создал, не љуби, се дал себеси за нас и неуморно не повикува, немилосрдно нѐ привлекува, со љубов према Него.

Верувам дека животот има цел.

Ветувам дека смртта го нема последниот збор.

Верувам дека во краевите на реалноста. . . извира живот, убавина, боја и длабочина.

Верувам дека да се сомневаме е човечки, не растегнува, не повредува, но може—доколку дозволиме—да нѐ одведе до подлабока вера.

Верувам дека и кога сонцето се затемнува, повторно ќе се врати. Еклипсата ќе помине. Светот можеби е различен, но сите ние сме различни. 

И верувам дека има нешто поголемо и позначајно од нас.  

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

When Faith Fails: 10 Days Of Finding God In The Shadow Of Doubt

Борбата со верата и сомнежот може да создадат чувства на длабока изолација и осаменост. Некои тивко страдаат додека некои други ја напуштаат верата целосно, претпоставувајки дека сомнежот е некомпатибилен со верата. Доминик Дон верува дека ова е трагично и многу погрешно. Тој го користи писмото и друга литература за да докаже дека не само што е нормално да се запрашаме туку тоа двоумење многу често води до богата и вистинска вера. Да ги истражиме верата и сомнежот во овој 10-дневен план.

More

Би сакале да му се заблагодариме на Харпер Колинс што го овозможи овој план. За повеќе да информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://bit.ly/2Pn4Z0a