Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Кога Верата нѐ Напушта: 10 Дневно Барање на Бог во Сенките на СомнежотПримерок

When Faith Fails: 10 Days Of Finding God In The Shadow Of Doubt

2 ДЕН ОД 10

Што ако не сум во право?

Некои го интерпретираат ова прашање како напад врз верата, но што ако овој момент претставува најголема можност во верата? Можеби треба да ги предизвикаме нашите размислувања и верувања за да ги испитаме и обновиме. Можеби притисоците кои ги чувствуваме како следбеници на Исус култивираат милост за оние кои се борат да останат верни и да создадат простор за да порасне една поенергична и културолошки активна вера. 

Божјите луѓе низ историјата биле луѓе во прогонство. Така целата Библија е напишана и така започнуваат револуциите. Идентитетот пак, се раѓа во агонијата која потекнува од исклучувањето. Откако идентитетот е откриен, уникатноста, различноста и убавината која потекнува од нарацијата на спротивното, ги привлекува неверојатните нешта назад во нашиот свет.

Ако ова е вистина, значи дека нема потреба да паничиме кога светот ќе ни предизвика некакви сомнежи. Нема од што да се плашиме. Независно од потеклото и типот на сомнежите, независно дали станува збор за притисоци од културата, трагични животни околности, емоционална нестабилност, болки предизвикани од духовниот раст и развој или некоја скриена внатрешна лутина, кога сомнежот ќе ни попречи во патувањето, ти треба да го цениш потенцијалот кој овие нешта го имаат да те движи напред на начин кој не си го искусил претходно.

Сомнежот не е крајот на приказната, туку неизвесноста во неа. Сомнежот е неочекувана мистерија, нерешено прашање кое се провлекува. Сомнеж е кога си статичен на кауч со неизедените пуканки во уста, неспособни да ги тргнете очите од екранот со твојот комшија иако посакувате да не биде така.

Сомнежот те притиска да ја преиспиташ твојата животна приказна. Кои се твоите вредности? Во што точно веруваш? Во која насока се движиш? Како вода во две корита, сомнежот создава простор за разни исходи. Можеш да пливаш кон Бог или на страна. Можеш да посегнеш по верување или неверување. Изборот е твој, а сомнежот е суштински неутрален. Она што ти го правиш и превземаш е она што се брои.

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

When Faith Fails: 10 Days Of Finding God In The Shadow Of Doubt

Борбата со верата и сомнежот може да создадат чувства на длабока изолација и осаменост. Некои тивко страдаат додека некои други ја напуштаат верата целосно, претпоставувајки дека сомнежот е некомпатибилен со верата. Доминик Дон верува дека ова е трагично и многу погрешно. Тој го користи писмото и друга литература за да докаже дека не само што е нормално да се запрашаме туку тоа двоумење многу често води до богата и вистинска вера. Да ги истражиме верата и сомнежот во овој 10-дневен план.

More

Би сакале да му се заблагодариме на Харпер Колинс што го овозможи овој план. За повеќе да информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://bit.ly/2Pn4Z0a