Кога Верата нѐ Напушта: 10 Дневно Барање на Бог во Сенките на СомнежотПримерок
Ние се сомневаме поради тоа што живееме во свет полн со ограничувања.
Прашањата природно си доаѓаат, поради тоа што ние ги немаме сите одговори:
Каков е Бог? Како можам да го запознаам? Која е целта на животот? На каде треба да одам?
Некој анонимен мистичар од четиринаесетти век еднаш кажал дека ние се пронаоѓаме во “облаците на непознатото“. Ние не можеме секогаш да го видиме небото, па поради тоа и се сомневаме.
Како и да е, она на што треба да се потсетиме е дека сето ова е дел од Божјиот дизајн. Тој го има создадено светот на овој начин со некаква цел. Тој изградил ограничувања во системот и нема ништо случајно. Тој знаел дека ние ќе треба да живееме со многу непознати нешта и избрал приказната на човештвото да изгледа на овој начин. . . . Кога Бог реши да создава, можеше да се одлучи да одобри илијадници други можности, но не го стори тоа. Тој го избра овој свет, те избра тебе, ме избра и мене, и ограничувањата и сѐ останато. На крај го нарече “добро“ своето создание.
Сето ова значи дека сомнежите се нормална работа.
Тие се природна последица на живиот свет.
Ти се сомневаш не поради тоа што си ужасна личност или поради тоа што си помалку духовен од останатите, туку поради тоа што си човек.
Ове е важно поради тоа што многу Христијани гледаат на сомнежот како необјаснив, одбивен грев. . . .
Бог не ги создаде Адам и Ева со сите одговори на животните најтешки прашања. Наместо тоа, Тој им даде простор да истражуваат, да се прашуваат и да учат. Тој култивираше градина во која мистеријата е во соживот со верата. Ова значи дека кога се сомневаме, не е поради тоа што претставуваме едно големо разочарување за Бог, туку поради тоа што сомнежот е нашиот природен одговор на нашето ограничено размислување. . . .
Во верата не станува збор за спречување, туку за можности. Верата претставува една близина, афинитет, врска, но за да стигнеш до таму, понекогаш, нашата сигурност треба да биде срушена. Нашата формула да биде поништена. Нашите прашања неодговорени. И таму во длабочините на врската се среќаваме со личност, а не со религиозни клишеа за во тој момент да се роди пријателство.
Свето Писмо
Опис за овој план
Борбата со верата и сомнежот може да создадат чувства на длабока изолација и осаменост. Некои тивко страдаат додека некои други ја напуштаат верата целосно, претпоставувајки дека сомнежот е некомпатибилен со верата. Доминик Дон верува дека ова е трагично и многу погрешно. Тој го користи писмото и друга литература за да докаже дека не само што е нормално да се запрашаме туку тоа двоумење многу често води до богата и вистинска вера. Да ги истражиме верата и сомнежот во овој 10-дневен план.
More