Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Кога Верата нѐ Напушта: 10 Дневно Барање на Бог во Сенките на СомнежотПримерок

When Faith Fails: 10 Days Of Finding God In The Shadow Of Doubt

8 ДЕН ОД 10

Приказната за борбата на Јаков со Бог е прекрасен пример за тоа како треба една вера да изгледа. Длабоката вера е интимна, жилава, животодавна, неуморна, крвава, понекогаш чудна и секогаш претставува вистинска средба со Бог. Верата не е кореографија за некоја скрипта туку е подлога за борба. Тоа значи дека ги земаш со себе сите стравови, гревови, несигурности, сомнежи и се соочуваш со Бог. И да, веројатно ќе имаш по некоја модрица и некогаш ќе паднеш, но подобро е да бидеш автентичен хаос пред Бог отколку лажно религиозна личност.

Верата значи да се внесеш комплетно.

Доколку посакуваш длабока вера, не само верата на твоите родители, пријатели или црква, туку верата која те променува и те прави да се чувствуваш жив, тогаш нема друг начин. . . . Во Галатјаните 6:16, Павле вели дека ние сме “Божјиот Израел“. Со други зборови, поради тоа што нашето духовно наследство е полно со луѓе кои се бореле со Бог, и ние исто сме повикани да бидеме борци.

Единствениот начин Јаковот во нас да постане Израел и единствениот начин нашата вера да расте, е ако се претставиме пред Бог такви какви што сме, вклучувајки ги работите за кои се сомневаме. Посебно тие. . . .

Верата созрева кога се движи надвор од познатото и безбедното, во темнината и местата исполнети со сомнежи. Верата одбива да ги смали твоите соништа во големината на твоите стравови. Верата не се крие од прашањата, туку се бори со нив со пасија. . . .

Светото Писмо не е само приказна за луѓе кои толерирале сомнеж, туку за луѓе кои цврсто се бореле со своите грижи. Тие копнееле за нешто повеќе од само една дво-димензионална, празна, површна вера. Сократ кажал, “неиспитаниот живот не е вреден да се живее.“ Авторите и хероите на Библијата инсистирале на тоа дека неиспитаната вера не е вредна за верување.

Затоа, глава по глава, стих по стих, тие храбро, со пасија и дрско се бореле со Бог. Нивните силни гласови извикувале, “нема да си одам додека не ме благословиш“! Тие знаеле дека ќе биде тешко и застрашувачки, но секоја секунда вредела. 

Ден 7Ден 9

Опис за овој план

When Faith Fails: 10 Days Of Finding God In The Shadow Of Doubt

Борбата со верата и сомнежот може да создадат чувства на длабока изолација и осаменост. Некои тивко страдаат додека некои други ја напуштаат верата целосно, претпоставувајки дека сомнежот е некомпатибилен со верата. Доминик Дон верува дека ова е трагично и многу погрешно. Тој го користи писмото и друга литература за да докаже дека не само што е нормално да се запрашаме туку тоа двоумење многу често води до богата и вистинска вера. Да ги истражиме верата и сомнежот во овој 10-дневен план.

More

Би сакале да му се заблагодариме на Харпер Колинс што го овозможи овој план. За повеќе да информации, ве молиме посетете ја веб-страната: http://bit.ly/2Pn4Z0a