Кога Верата нѐ Напушта: 10 Дневно Барање на Бог во Сенките на СомнежотПримерок
Божјата волја отсекогаш била и ќе биде, Неговата црква да живее како едно семејство. Црквата е местото каде што ние се бориме, се чудиме, прославуваме и се сомневаме заедно. Влегуваме во црквата со сите залутани куршуми кои сме ги примиле во минатото и доаѓаме до исцеление, прифаќање, и милост. Црквата е местото каде што разочараните луѓе откриваат дека не се осамени. Тоа беше Божја визија уште од почетокот кога го излеа Неговиот Свет Дух врз црквата во Дела 2 глава и ова е Божјата визија што важи за тебе и денес.
Вистина е дека многу цркви не ја живеат оваа визија во денешно време. Вистина е дека има еден тон нешта кои треба да се променат во црквата, но ти можеш да бидеш иницијатор на таа промена.
Ти си црквата.
Црквата не е зграда, туку заедница од луѓе кои во заедништво го следат патот на Исус. Ова значи дека се трудат да прават сѐ што е добро, убаво, и поттикнато од вера—едни за други, значи заедно да поминеме низ нашите сомнежи.
Во Матеј 26, Исус седеше на масата со Неговите пријатели само неколку часа пред Неговата смрт. Тие пееа, се молеа и Тој го зема лебот, го прекрши, зема една чаша вино , ја сподели и кажа, “Ова е моето тело и мојата крв. Јадете, пијте и сеќавајте се на мене.“ На таа маса седеа луѓе со сериозни проблеми, сомнежи, пропусти, и борби со верата.
Но сите беа добредојдени кај Исус. Тој го сподели Неговото скршено тело со нив и им направи место на масата.
Каде е оваа заедница за тебе? Кои се луѓето на твојата маса кои ги допушташ на потскриените места во твојот живот? На кој начин можеш да ја споделиш твојата причина за разочараност со нив?
Не мораш сам да се бориш со своите сомнежи. . . .
Доколку се бориш со некој сомнеж, треба да бидеш во заедништво со луѓе.
Ова не е само за твое добро, туку и за доброто на другите. Дури иако не се бориш со сомнежи, многу е веројатно дека такви проблеми имаат луѓето околу тебе. Потребен си им. Имаат потреба од твоите молитви, од некој да ги сослуша и охрабри. Зборот охрабри во буквална смисла значи да се “даде храброст.” Ти имаш моќ да споделиш храброст со некој кој се измачува во верата. Едно од најмоќните нешта кои можеш да ги споделиш со пријател кој се сомнева е “ќе бидам тука за тебе додека поминуваш низ ова.“ Им требаш на таквите луѓе, имаат потреба од твоето присуство и твојата сила, исто како и потребата да знаат за твоите рани од минатото.
Опис за овој план
Борбата со верата и сомнежот може да создадат чувства на длабока изолација и осаменост. Некои тивко страдаат додека некои други ја напуштаат верата целосно, претпоставувајки дека сомнежот е некомпатибилен со верата. Доминик Дон верува дека ова е трагично и многу погрешно. Тој го користи писмото и друга литература за да докаже дека не само што е нормално да се запрашаме туку тоа двоумење многу често води до богата и вистинска вера. Да ги истражиме верата и сомнежот во овој 10-дневен план.
More