Вдиши духовен копнеж во твојот бракПримерок
„Во исчекување на животот“
Запрашај се себеси: во мојот брак, колку често се наоѓам во ситуација да се расправам за нешта за кои на крајот излегува дека воопшто не се важни? Колку брачни проблеми ќе бидат решени ако еднаш месечно брачните парови едноставно ја читаат заедно беседата на гората?
Тоа не значи дека треба да ги презираме работите од овој свет—нема потреба од такво нешто—но да го правиме тоа за да се воздигаат небесните работи. Џонатан Едвардс напиша: „Татковците и мајките, сопрузите, сопругите или децата, или друштвото на вашите земни пријатели, се само сенки, но уживањето во Господ е она што е вистински важно. Тие се само распрснати зраци, но Господ е сонцето. Тие се само потоци, но Господ е изворот. Тие се само капки, но Господ е океанот.“
Сето ова значи дека ние треба да продолжиме да работиме на тоа да го одржиме нашиот фокус, нашата прекрасна опсесија; во спротивно, ние би го ставиле нашиот фокус на помали (но сепак важни) цели—обидувајќи се да ја подобриме нашата комуникација, правилно да ги распоредиме нашите финансии, да ја одржиме нашата романса свежа и забавна, и така натаму. Мора да запамтиме дека овие работи не се нашата конечна цел. После сѐ, како што и Едвардс нѐ потсетува,
„Ако нашите животи не се патешествија насочени кон небото, тие ќе бидат патешествија кон пеколот.“ Ако ти навистина посакуваш да живееш ваков живот, разговарај месечно за ова со својот сопружник или со група од твои блиски пријатели. Запрашајте се еден со друг: „како небесната надеж влијае на начинот на кој се сакаме еден со друг, начинот на кој ги одгледуваме нашите деца, начинот на кој ги трошиме нашите финансии и начинот на кој го поминуваме нашето време?“
* Како ти и твојот сопружник секојдневно ја применувате небесната надеж? Ако можеш постојано да се фокусираш на вечноста, како тоа ќе се одрази на твојот секојдневен живот?
Свето Писмо
Опис за овој план
Преземено од неговата нова книга „Доживотна љубов“ (A Lifelong Love), Гери Томас зборува за трајните цели на бракот. Научи неколку практични алатки кои ќе ти помогнат да го претвориш твојот брак во инспиративна врска која ќе шири духовна живост кон другите.
More
Благодарни сме на Дејвид К Кук (David C Cook) за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, види: http://www.dccpromo.com/a_lifelong_love/