Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Вдиши духовен копнеж во твојот бракПримерок

Breathe Spiritual Passion Into Your Marriage

5 ДЕН ОД 7

„Напрво барај го царството“ Ако нашата мисија од Христос е да го „бараме најнапред царството Божјо“, зарем може еден успешен брак, преку кој ќе се прославува Господ, да не биде назначен за мисија? Ние не сме повикани да бараме најнапред интимност во бракот, среќен живот, послушни деца или нешто друго. Исус нѐ учи најнапред да бараме една и само една работа: Неговото царство и Неговата правда (овие два збора се надополнуваат меѓусебно и создаваат една заедничка цел). Успешиот брак не само што се поткрепува со самото стремење кон Божјото царство, но на многу начини тој стремеж е потребен предуслов за меѓусебна интимност и после фазата на заљубеност. Живот без оваа цел и брак без овој стремеж, ќе изгуби многу од својот сјај. „Ова е копнежот на денешницата: да соработуваме заедно, поврзани да работиме како тим на алпинисти, достигнувајќи го врвот на нашите соништа и држејќи се така заедно до самиот крај. Господ го всадил овој глад длабоко во секоја брачна заедница. Тоа е многу повеќе од глад за пријателство. Многу повеќе од глад за создавање нов живот. Ова е поразличен глад, глад за заедно да создадеме нешто значајно. Според Божјиот збор, ние сме здружени заедно за да направиме разлика. Ние сме во брак заради мисија.“ Да се биде во „брак заради мисија“ може да заживее многу бракови во кои партнерите сметаат дека страдаат од недостаток на компатибилност; мое мислење е дека многу од овие парови всушност страдаат од недостаток на цел. Исусовите зборови кои ни се дадени во Матеј 6:33 и се лично насочени, можеби се и највистинити во самиот брак. Кога ние го даваме нашиот живот, тогаш го наоѓаме. Кога се фокусираме надвор од бракот, завршуваме со зацврстување на бракот. * Дали твојот брак е мисиски? Како можете, заедно со твојот сопружник, како пар да живеете еден поисполнет мисиски живот?
Ден 4Ден 6

Опис за овој план

Breathe Spiritual Passion Into Your Marriage

Преземено од неговата нова книга „Доживотна љубов“ (A Lifelong Love), Гери Томас зборува за трајните цели на бракот. Научи неколку практични алатки кои ќе ти помогнат да го претвориш твојот брак во инспиративна врска која ќе шири духовна живост кон другите.

More

Благодарни сме на Дејвид К Кук (David C Cook) за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, види: http://www.dccpromo.com/a_lifelong_love/