Вдиши духовен копнеж во твојот бракПримерок
„Различни од другите“
Дозволи ми да цитирам една реченица за бракот искажана од свештеникот Хорас Бушнел (Horace Bushnell) во деветнаесетиот век: „Ниеден брачен пар не е повикан за да биде како некој друг пар. Господ има толку многу планови за брачните парови, колку што има парови; токму поради тоа, Тој никогаш не бара од паровите да го мерат својот живот според животот на некој друг пар“.
Ти си едната половина на еден уникатен пар. Ниеден друг пар ги нема вашите дарови, вашите слабости, вашата историја, вашата динамика, вашите деца, вашиот повик. Делува ослободувачки кога се прифаќаме како пар кој е таков каков што е: можеби сме силни во одредена област, слаби во друга, ранливи во една, непобедливи во друга, се истакнуваме во една област и често паѓаме во некоја друга, но ние сме еден уникатен пар кој е повикан од Господ за да исполни уникатна цел во овој свет.
Господ го изградил твојот дом и твојот брак, и тоа е животот што Тој сака ти да го живееш. Никогаш не гледај на другите парови со цел според нив да ја мериш својата вредност; гледај кон Господ за да ја исполниш својата цел. Не се споредувај со другите парови за да ја измериш својата среќа; спореди ја својата послушност со Господовиот дизајн за твојот живот за да ја измериш твојата верност.
Биди задоволен со својата приказна и својот идентитет како пар. Зачини го. Никогаш не го споредувај. Само биди доследен на уникатната Божја визија која Тој ја има за вас како уникатен пар. На Господ не му е потребен уште еден подеднакво ист пар каков што веќе создал. Тој е многу повеќе креативен од тоа. Попрво, Тој сака да го ослободи и да го благослови уникатниот пар каков што сте вие.
* Со кои парови обично се споредувате себе си? Дали веруваш дека за вас двајца Господ има припремено специјално патување наменето за Негови цели? Како би можел да го живееш тоа?
Дали ти се допадна овој план за читање? Ако е така, за да ја добиеш целосната книга оди на http://www.dccpromo.com/a_lifelong_love/
Свето Писмо
Опис за овој план
Преземено од неговата нова книга „Доживотна љубов“ (A Lifelong Love), Гери Томас зборува за трајните цели на бракот. Научи неколку практични алатки кои ќе ти помогнат да го претвориш твојот брак во инспиративна врска која ќе шири духовна живост кон другите.
More
Благодарни сме на Дејвид К Кук (David C Cook) за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, види: http://www.dccpromo.com/a_lifelong_love/