Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Вдиши духовен копнеж во твојот бракПримерок

Breathe Spiritual Passion Into Your Marriage

6 ДЕН ОД 7

„Монашки брак“ Зарем не е вистина дека разочарувањето од нашите сопружници е причина за голем дел од брачните расправии? Ние очекуваме од нив да бидат нешто или да направат нешто што не се или не можат да го направат, па самите се чувствуваме лошо поради тоа. Посакуваме тие да нѐ сакаат како што Господ нѐ сака. Очекуваме од нив едноставно да знаат кога имаме лош ден; да знаат дека лажеме кога кажуваме: „Не се грижи. Не е проблем. Не ми треба ништо специјално“; да знаат дека ни се потребни понекогаш да се силни или нежни, да викаат или да бидат смирени, само затоа што ние очекуваме од нив тоа да го направат. Ако навистина нѐ сакаат, тие ќе го знаат тоа, зар не? Размисли искрено: Дали понекогаш и ти така размислуваш или се чувствуваш? Дали помислуваш дека му поставуваш еден невозможен товар на твојот сопружник? Но што ако посакам да имам „монашки брак“? Што ако одлучам дека ќе зависам само од Господ, не очекувајќи ништо од мојот партнер, но зависејќи целосно од Господ за сите мои потреби, вклучувајќи ги емотивните и брачните потреби? Тогаш, наместо да негодувам за тоа што мојот партнер не го исполнува, ќе се воодушевувам (на позитивен начин) од секоја мала работа што ќе ја направи. Ќе се исполнувам со благодарност наместо со негодување. Нели е ова токму спротивното на тоа што се случува во бракот? Кога се забавуваш со некого и таа личност направи нешто убаво за тебе, си помислуваш: Тоа е прекрасно! Ако се венчаш за таа личност и понатаму таа не исполнува одредено ниво во грижата за тебе, си помислуваш: Тоа ли е сѐ што можеше да ми даде? Навистина? Токму затоа посакувам еден „монашки брак“, имајќи ја придобивката да се биде во брак со побожна личност, но со монашки став, очекувајќи ништо, потпирајќи се на Господ и однесувајќи се вистински благодарно кон сѐ она со кое партнерот ќе избере да ме благослови. * Дали твоето однесување е исполнето со благодарност, или е исполнето со негодување? Како практикувањето на „монашки брак“ може да ја подобри твојата врска со твојот партнер?
Ден 5Ден 7

Опис за овој план

Breathe Spiritual Passion Into Your Marriage

Преземено од неговата нова книга „Доживотна љубов“ (A Lifelong Love), Гери Томас зборува за трајните цели на бракот. Научи неколку практични алатки кои ќе ти помогнат да го претвориш твојот брак во инспиративна врска која ќе шири духовна живост кон другите.

More

Благодарни сме на Дејвид К Кук (David C Cook) за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, види: http://www.dccpromo.com/a_lifelong_love/