Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Вдиши духовен копнеж во твојот бракПримерок

Breathe Spiritual Passion Into Your Marriage

3 ДЕН ОД 7

„Да го љубиш и она што не заслужува“ Нашата награда ќе биде голема, рече Исус, не кога ги сакаме луѓето кои нам нѐ сакаат, но кога ги сакаме „неблагодарните и злобните“ како што Господ ги сака. Ако си во брак со најпобожната, најмилосрдната, најдарежливата и највнимателната личност, тоа само по себе ќе биде твојата награда. Нема да добиеш дополнителна награда во небесата ако си уживал во поспокоен брак од останатите. На тој начин би имал неколку доста пријатни децении, додека во исто време некој друг можеби си собира богатства за вечноста. Ако на пример, твојот споружник те потценува, можеби никогаш нема да ја имаш почитта на оваа земја, но ќе дојде денот—Исус ветува!—кога ќе го видиш твојот небесен Дедо лице во лице и Тој ќе ти каже: „Ти го љубеше Моето дете толку добро, иако знам дека тоа никогаш не согледа колку е благословено со тоа што е во брак со тебе. Сега, дозволи ми да ти покажам како Јас ги наградувам вечно оние кои љубат во Мое име. Прими ја својата награда, влези во твојот мир!“ Можеш ли да видиш како верата во тој ден ја променува нашата дефиниција за тоа што е добро овде и сега? Ние ќе бараме можности за да љубиме, служиме, приметуваме, охрабруваме и цениме, наместо да бидеме опседнати со тоа колку добро нашите сопружници нам нѐ љубат, служат, приметуваат, охрабруваат и ценат. Ова е охрабрување за вас кои сте потценети. Да бидеме искрени: некои од вас се венчаа со неразумни. Не сакам да бидам неучтив, но Библијата вели дека постојат и неразумни, зарем не? Претпоставувам дека и тие се во брак со некого. Можеби ти имаш таков сопружник. Гледајќи од световна преспектива, тоа е напразно потрошен живот. Но според вечната преспектива, ти имаш можност да се подготвиш за еден особено возбудлив и исполнет разговор со Христос во судниот ден. * Како овие параграфи те охрабруваат да го љубиш твојот партнер дури и кога тоа е тешко? Како оваа лекција ќе се одрази на твојот секојдневен живот со него или неа?
Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Breathe Spiritual Passion Into Your Marriage

Преземено од неговата нова книга „Доживотна љубов“ (A Lifelong Love), Гери Томас зборува за трајните цели на бракот. Научи неколку практични алатки кои ќе ти помогнат да го претвориш твојот брак во инспиративна врска која ќе шири духовна живост кон другите.

More

Благодарни сме на Дејвид К Кук (David C Cook) за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, види: http://www.dccpromo.com/a_lifelong_love/