Вдиши духовен копнеж во твојот бракПримерок
„Господ како твој Дедо“
Ми дојде како предупредување и искрено ми требаше нешто такво во тоа време. Јас бев млад сопруг и додека интензивно се молев, почуствував како Господ директно ми зборува дека Лиса не е само моја сопруга, но исто така е Негова ќерка и јас треба да се однесувам кон неа соодветно како таква.
Тоа беше за мене момент на откровение и силата на ова сознание уште повеќе порасна кога имав мои деца. Ако сакаш да ја видиш мојата добра страна, едноставно биди добар со кое било од моите деца.
Спротивно на ова, ако навистина сакаш да ме налутиш, вознемирувај ги моите деца. Биди груб со нив. Ако само се спомне твоето име, мојот крвен притисок ќе се накачи и ти попрво би имал работа со мене, отколку со моите деца.
Па, кога сфатив дека јас сум оженет за Божја ќерка—и дека вие, жени, сте омажени со Божји синови—мојата преспектива за тоа како јас го гледав бракот се промени. Божјите чувства кон мојата жена—Неговата ќерка—се многу посвети и посилни отколку моите чувства кон моите ќерки. Одеднаш, мојот брак не беше повеќе само за мене и уште една личност; тој прерасна во врска во која е вклучен и трет крајно заинтересиран партнер. Сфатив дека преку целиот мој живот, една од моите примарни форми на славење ќе биде почитување на Бога преку водење грижа за жената која секогаш ќе биде, во Неговиот Божествен ум, „Неговото малечко девојче“.
Ние често слушаме како свештениците го претставуваат Божјото татковство, кое е една прекрасна и вистинита доктрина. Но, ако сакаш да го промениш твојот брак, испитај ја оваа споредба и помини време во размислување за Господ како твој Дедо. Затоа што кога се венчаш со верник, Тој тоа и е!
* Дали некогаш си погледнал на твојот сопружник како син/ќерка на Бог? Како тоа ја менува твојата врска со него/неа (твоите дела и однесување)?
Свето Писмо
Опис за овој план
Преземено од неговата нова книга „Доживотна љубов“ (A Lifelong Love), Гери Томас зборува за трајните цели на бракот. Научи неколку практични алатки кои ќе ти помогнат да го претвориш твојот брак во инспиративна врска која ќе шири духовна живост кон другите.
More
Благодарни сме на Дејвид К Кук (David C Cook) за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, види: http://www.dccpromo.com/a_lifelong_love/