Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Вдиши духовен копнеж во твојот бракПримерок

Breathe Spiritual Passion Into Your Marriage

4 ДЕН ОД 7

„Божествена зависност“ Ако твојот брак и фамилија ги доживуваш како шега или како да се на работ од хаосот, тоа не е нeшто што Господ го нема видено или не е во можност да го поправи. Голем дел од денешното христијанско поучување е посветено на развивање на „нашите“ дарови, подобрување на „нашите“ таленти и достигнување на „нашиот“ потенцијал, а сепак голем дел од Исусовото учење и пример е да се препуштиме на дејствувањето на Светиот Дух. Ајде да дозволиме бракот да нѐ поучува како да му веруваме на Светиот Дух. Тој се докажа Себе Си. Ако навистина сакаш да го промениш твојот брак, треба да научиш за славата на божествената зависност. Господ никогаш нема да те повика да направиш нешто без да ти даде сѐ што ти е потребно за да можеш да ја завршиш твојата задача. Можеби ќе немаш сѐ што сметаш дека ти треба, но ќе го имаш сето она што навистина ти е потребно. Ова не значи дека работата ќе биде лесна. Но Господ ни ветува преку Исаија: „Тој му дава сила на уморениот и му дарува јачина на изнемоштениот.“ (Исаија 40:29) Немој едноставно да преминеш преку оваа мисла, затоа што е пресудна: во Исаија 40:29 се мисли на тоа дека Господ ќе те повика на различни задачи за кои ќе немаш доволно сила. Според тоа, „тајната“ за вистински духовен брак е всушност личност, Светиот Дух кој ни е ветен од Бог. Господ е Бог кој толку многу ги сака врските (ги пресретна нашите потреби за спасение со тоа што го прати Својот Син), па не треба да нѐ изненадува тоа што ќе ја пресретне нашата потреба за трансформација со тоа што ќе се испрати Себе Си во личноста на Неговиот Свет Дух. Бидејќи бракот е еден од најтемелните дела на славење кое било кои двајца верници би можеле да го споделат, невозможно е да се биде во свет брак без Светиот Дух да биде активен во нашите животи, помагајќи ни да разбереме што значи да се љуби, давајќи ни сила да љубиме, охрабрувајќи нѐ кога не успеваме да љубиме, обновувајќи ги нашите срца кога сме изморени од љубење и да нѐ исполнува со надеж кога сме разочарани во љубовта. * Дали му допушташ на Светиот Дух да те зацврсти тебе и твојот брак? Дали постои конкретна ситуација во која ти недостастигала сила, а била зацврстена од Светиот Дух?

Свето Писмо

Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Breathe Spiritual Passion Into Your Marriage

Преземено од неговата нова книга „Доживотна љубов“ (A Lifelong Love), Гери Томас зборува за трајните цели на бракот. Научи неколку практични алатки кои ќе ти помогнат да го претвориш твојот брак во инспиративна врска која ќе шири духовна живост кон другите.

More

Благодарни сме на Дејвид К Кук (David C Cook) за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, види: http://www.dccpromo.com/a_lifelong_love/