Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Евреите 13:14-21

Евреите 13:14-21 MK2006

бидејќи овде немаме постојан град, туку го очекуваме оној што ќе дојде. Преку Него, пак, секогаш да Му принесуваме на Бога пофална жртва, односно плод од усните што го прос­ла­вуваат името Негово. А добродетелството и милосрдноста не ги заборавајте, зашто такви жртви Му се благоугодни на Бога. Покорувајте им се на учителите ва­ши и бидете им послушни, зашто тие, бидејќи се задолжени да одговараат, бдеат за вашите души, – та со радост тоа да го вршат, а не со воздишки, зашто тоа не е полезно за вас. Молете се за нас, зашто сме уве­ре­ни дека имаме добра совест, грижејќи се во сѐ добро да постапуваме. Уште повеќе ве молам да го вршите ова, та поскоро да се вратам меѓу вас. А Бог на мирот, Кој преку крвта на вечниот завет Го воздигна од мртвите големиот Пастир на овците – нашиот Господ Исус Христос, нека ве усоврши во секое добро дело за да ја исполните Неговата волја, вршејќи го во вас она што Му е Нему благоугодно, преку Исус Христос, Не­му слава во вечни векови, Амин!