7 нешта од Библијата за родителствотоПримерок
Пред неколку години го послушавме Божјиот повик за зголемување на нашето семејство преку згрижување и посвојување на деца. Знаевме дека ќе биде тешко, но бевме спремни да бидеме рацете и нозете на Исус за оние семејства на кои тоа им требаше. Бевме спремни да го промениме светот. Она за што не бевме свесни е колку Бог го промени нашиот свет.
Луѓето постојано ни велат дека сме нешто посебно поради тоа што го правиме. Но дозволете да ви кажам една тајна: родителите кои посвојуваат деца не се нешто посебни. И ние сме несовршени, грешиме, викаме и дефинитивно не сме идеално подготвени. Ние сме едноставно луѓе кои одат со помош на верата и се втурнуваат во тој хаос. Она што е посебно, од друга страна, е она што го прави Бог кога сме послушни.
Видовме како Бог интервенира одново и одново во последните неколку години, поместувајќи повеќе планини отколку што се сеќаваме дека тоа го правел претходно. Кога помислувавме дека нема надеж за некаква врска со биолошкото семејство на детето, Бог интервенираше. Кога помислувавме дека нема да издржиме уште еден ден, Бог интервенираше.
Ова патување исто така ни помогна да разбереме уште појасно како Бог гледа на нас. Исто како што ние примаме повредени деца во нашето семејство, Бог нас нè примил во Неговото семејство. Тој е нашиот Небесен Татко и Бранител. Тој не гледа какви се нашите проблеми, какви гревови сме направиле или каде сме потфрлиле. Ако дојдеме кај Него, Тој нè гушка како Татко, нè љуби безусловно и нè нарекува Негови ќерки и синови.
Ако се чувствувате неадекватно, ако се чувствувате соочени со невозможни околности или ако само не сте сигурни што треба следно да направите, ве охрабрувам да го побарате Бог и да продолжите понатаму. Луѓето можеби ќе ве сметаат за луди. Всушност, ви гарантирам дека ќе помислат така за вас. Но истовремено можам да ви го гарантирам следново: Бог веќе се интересира за вас. Тој има еден план за вашиот живот кој го надминува сето она што може да си го замислите денес.
Тејлор Кетрон
YouVersion Administrator
Свето Писмо
Опис за овој план
Воспитувањето деца е тешко, па дури и во најдобрите околности. Во ова седумдневно читање, едни обични родители - кои истовремено се и вработени во YouVersion - раскажуваат како ги применуваат библиските принципи во оваа важна област од нивните животи. Читањето за секој ден опфаќа по една слика за библиски стих која можеш да ја употребиш за да ти помогне во твоето патување.
More