7 нешта од Библијата за родителствотоПримерок
Имав породилни болки 60 часа. 60 долги, болни и неспокојни часови. Некои жени се жалат за тоа колку долго им траат породилните болки, а некои други се гордеат и ги прикажуваат како најголемо достигнување. Јас би рекла дека сум повеќе како овие вторите бидејќи се гордеам со секој истоштувачки момент!
Но чувството на гордост брзо исчезна во мигот кога мојот син почна да плаче среде ноќ само неколку часа откако се роди. „Што значи ова плачење? Дали е гладен? Како да знам колку му е доволно? Да не му треба нешто друго? Каде е медицинската сестра?!?“
Раѓањето на мојот син ми донесе неискажлива благодарност за подарокот на неговиот живот. Но речиси веднаш после тоа ненадминливо чувство на благодарност ми надојдоа бранови на сомнеж, страв и некомпетентност. Како сосема нова мајка се чувствувам недоволно подготвена за родителство.
За волја на вистината, тоа чувство не е сосема исчезнато од тогаш до сега. Но јас целосно верувам во она што вели Библијата дека е вистинито:
Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја моли од Бога, Кој им дава на сите изобилно и без укор - и ќе му се даде.Јаков 1:5
Бог ми покажа едно сосема ново ниво на дарежливост со подарувањето на мојот син, а тоа ново време во мојот живот ме натера понизно да барам мудрост од Бог. Тој беше толку верен и го водеше моето родителство со Неговата мудрост секој пат кога доаѓав пред Него со поучлив и посветен став.
Се надевам дека знаете какви нешта ни се на располагање во Христа. Тој сака да продолжи да ја истура Неговата дарежливост над вашите родителски искуства. Тој сака - повеќе од вас - вашето дете да го запознае Него, да го сака, да му служи и да биде водено од Него. Тој е мудар и дарежлив и секогаш е спремен да ги излее тие два благослови врз вас. Дали сте спремни да ги примите?
Одете кај нашиот дарежлив Бог и побарајте мудрост во сите ваши предизвици како родители. Тој е спремен да ви ја даде мудроста.
Џесика Пеник
YouVersion Content Manager
Свето Писмо
Опис за овој план
Воспитувањето деца е тешко, па дури и во најдобрите околности. Во ова седумдневно читање, едни обични родители - кои истовремено се и вработени во YouVersion - раскажуваат како ги применуваат библиските принципи во оваа важна област од нивните животи. Читањето за секој ден опфаќа по една слика за библиски стих која можеш да ја употребиш за да ти помогне во твоето патување.
More