Лого на YouVersion
Икона за пребарување

7 нешта од Библијата за родителствотоПримерок

7 Things The Bible Says About Parenting

5 ДЕН ОД 7

Сите ние сакаме да имаме деца кои се однесуваат добро, така? Понекогаш, она што навистина го сакаме е нашите деца да изгледаат дека се однесуваат добро пред другите. Тоа значи да не се лутат или зафркаваат или може да значи да кажуваат „те молам“ и „благодарам“ кога треба. Сега кога моите деца потпораснаа, се прашувам дали трудот што го вложив за тие да светкаат однадвор ги направи подобри одвнатре.

За две кратки години мојата ќерка ќе замине на факултет. Не сакам да признаам, но јас нема да бидам таму да се погрижам таа да прави сè како што треба. Затоа правам сè што можам сега за да се погрижам таа да го слуша мојот глас во нејзината глава подоцна кога ќе се обидува да донесе правилна одлука. Уште подобро од тоа, што ако таа го слуша Божјиот глас? Бидејќи Тој ќе биде со неа - дури и кога јас не можам да бидам.

Најдобриот начин да се погрижиме нашите деца да го препознаваат Божјиот глас е да ги научиме за Неговото Слово, не само да им го цитираме - или да ги научиме да кажуваат стихови - тоа нема да им биде доволно. Доколку сакате да ги видите вашите деца трансформирани преку моќта на Божјото Слово, тогаш тие мора да видат како Словото дејствува во вас - како вистински влијае на текот на вашиот живот и секојдневните одлуки. Зборувајте за Библијата кога ќе седнете заедно околу масата. Раскажувајте додека се возите во автомобил. Спомнете делови од Библијата додека зборувате со другите луѓе. Помогнете им на вашите деца да видат јасно како Божјиот глас и Неговото Слово влијае на секој аспект од вашиот живот. 

Истовремено, помогнете им на децата да ја доживеат Библијата од прва рака така што ќе им бидете учител. Важно е тие да научат да ја читаат Библијата и да го слушаат Светиот Дух со своите сетила. Помогнете им да си најдат план за читање на Библијата, а потоа следете го напредокот со поставување прашања. Еве неколку предлози што би можеле да ги кажете за да започнете разговор: 

  • Кое е најдоброто нешто што го прочита во Библијата оваа недела?
  • Дали прочита нешто што не го разбираш?
  • Дали прочита нешто за кое сакаш да знаеш повеќе?
  • Што ти кажува Бог преку она што го прочита?
  • Која е една работа што можеш да ја промениш во твојот живот како резултат на тоа што го прочита?

Како родители, ние дејствуваме рамо до рамо со Светиот Дух за да ги научиме нашите деца за Бог и Неговото Царство. Верувајте дека Тој ќе ја комплетира нивната внатрешна трансформација. Тој ги сака многу повеќе отколку што можеме ние.

 

Мајкл Мартин

YouVersion Web Developer

Свето Писмо

Ден 4Ден 6

Опис за овој план

7 Things The Bible Says About Parenting

Воспитувањето деца е тешко, па дури и во најдобрите околности. Во ова седумдневно читање, едни обични родители - кои истовремено се и вработени во YouVersion - раскажуваат како ги применуваат библиските принципи во оваа важна област од нивните животи. Читањето за секој ден опфаќа по една слика за библиски стих која можеш да ја употребиш за да ти помогне во твоето патување.

More

Благодарни сме на Life.Church за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, посетете го: http://www.bible.com/reading-plans