7 нешта од Библијата за родителствотоПримерок
![7 Things The Bible Says About Parenting](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapi.com%2Fhttps%3A%2F%2Fs3.amazonaws.com%2Fyvplans%2F8832%2F1280x720.jpg&w=3840&q=75)
Тешко е да си родител, едноставно и јасно кажано. Лесно е кога ќе се сеќаваме како растеа нашите деца - колку беа малечки и слатки, но потешко ќе се сетиме колкав благослови ни беа во еден обичен вторник навечер кога врискаа во некој агол или кога требаше по илјадити пат да смениме пелена!
Но, низ целиот тој родителски стрес, 1 Солунците 5:16-18 може да ни помогне да гледаме појасно и да имаме една свежа перспектива во тие луди времиња.
Радувајте се секогаш
Не очајувајте во тие тешки моменти. Сетете се дека да се биде родител претставува еден возвишен и благороден повик, една привилегија што ни ја дал Бог и чии плодови ќе ги видиме еден ден, па дури и да не се чувствуваме така денес. Прифатете го фактот дека Бог ни ја дал оваа чест.
Не престанувајте со молитва
Ништо повеќе не им е потребно на нашите деца отколку присуството на Христос во нивните животи. Според тоа, најважното нешто кое ние како родители можеме да го направиме е да ги опсипеме нашите деца со молитва. 1 Солунците 5:17 ни вели да бидеме постојани во молитва преку целиот ден - па дури и кога мислиме дека сè се распаѓа околу нас.
Бидете благодарни
Да се биде благодарен за нашите деца е многу лесно во одредени денови, а многу тешко во други денови. Но во тие тешки денови сетете се дека не сте сами. Кога се чувствувате дека немате веќе сила, тогаш е најдобриот момент да дојдете пред Бог во молитва. Побарајте од Него да ви ја обнови радоста и заблагодарете му за вашите деца. Тој може и ќе ви ги даде силата, радоста и благодарноста кои ви се потребни. Доколку научиме да се потпираме на Бог во тешките денови како родители, тогаш ќе бидеме благодарни за нашите деца!
Кејси Кејс
YouVersion Support Leader
Свето Писмо
Опис за овој план
![7 Things The Bible Says About Parenting](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapi.com%2Fhttps%3A%2F%2Fs3.amazonaws.com%2Fyvplans%2F8832%2F1280x720.jpg&w=3840&q=75)
Воспитувањето деца е тешко, па дури и во најдобрите околности. Во ова седумдневно читање, едни обични родители - кои истовремено се и вработени во YouVersion - раскажуваат како ги применуваат библиските принципи во оваа важна област од нивните животи. Читањето за секој ден опфаќа по една слика за библиски стих која можеш да ја употребиш за да ти помогне во твоето патување.
More