Лого на YouVersion
Икона за пребарување

7 нешта од Библијата за родителствотоПримерок

7 Things The Bible Says About Parenting

3 ДЕН ОД 7

Јас сум помладата од две сестри во моето семејство, па така моето детство беше исполнето со кукли кои си одеа на чајанки, готвеа во нашата детска кујничка и се дотеруваа - сето тоа беа мирни, тивки и безбедни активности. Сега, како мајка на две момчиња под пет години мојата куќа воопшто не наликува како онаа во моето детство. Молитвата за моите деца стана неопходен дел од моето мајчинство, најмногу поради енергијата на моите момчиња. Како што ме предупреди мојата свекрва за животот со сите машки деца, со текот на времето, ќе ги знам имињата на сите медицински сестри на ургентното одделение во болница!

Не ни можев да замислам дека неколку години поминати во оваа авантура ќе го видам најстариот син како паѓа на своето лице (поради што завршивме со вадење заб) и потоа, само една година подоцна, паѓање на глава (што заврши со три конци). Исто така не можев ни да замислам моето 10 месечно бебе да биде оперирано поради вродена мана. Секоја од овие ситуации беше целосно надвор од мојата контрола. Не можев ништо да направам за да ги спречам тие нешта да не се случат - тоа беше едно сфаќање кое ме доведе на коленици во молитва за моите деца.

Како родител, нашите деца ни се подарок Од Бог и за нив треба да се грижиме, да обезбедиме што им е потребно, да ги заштитиме и да им ја покажеме љубовта и благодатта на Исус за да ги подготвиме за нивното патување низ животот. Ниту нивните секојдневни околности, ниту текот на нивните животи не се нешта за кои ќе одлучиме ние - ниту пак имаме контрола над тоа. Па така што ни останува нам родителите да направиме на крајот на денот откако сме ја инвестирале целата енергија во воспитување на едни мирни, почитувани, богобојазливи деца, а при тоа да ги одржиме здрави и безбедни? Можеме да ги однесеме нашите грижи, сомнежи и нашите неисполнети очекувања пред Бог - благодарни што ние не мора да бидеме во контрола.

Никогаш да не се умориме од молитвите за нашите деца, да ги држиме со нашите отворени раце преку доверба и вера во нашиот Создател - Кој ги љуби нашите деца повеќе отколку што можеме ние и ги држи во Неговите семоќни раце.

Лиса Греј

YouVersion Localization Manager

Свето Писмо

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

7 Things The Bible Says About Parenting

Воспитувањето деца е тешко, па дури и во најдобрите околности. Во ова седумдневно читање, едни обични родители - кои истовремено се и вработени во YouVersion - раскажуваат како ги применуваат библиските принципи во оваа важна област од нивните животи. Читањето за секој ден опфаќа по една слика за библиски стих која можеш да ја употребиш за да ти помогне во твоето патување.

More

Благодарни сме на Life.Church за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, посетете го: http://www.bible.com/reading-plans