Лого на YouVersion
Икона за пребарување

7 нешта од Библијата за родителствотоПримерок

7 Things The Bible Says About Parenting

1 ДЕН ОД 7

Го закачивме овој библиски стих во собата на нашиот син пред да го донесеме дома од болница и секоја вечер го гледаме стихот пред да го легнеме да спие. Тој стих е одличен потсетник за повикот и одговорноста што ни ја дава Бог како негови родители.

Како родители, ја имаме првичната одговорност за изградување на основната вера на нашите деца. Без разлика дали ни се допаѓа или не, ние секој ден цртаме слика за нашата вера пред нашите деца. Секој збор, секое дело и секоја наша реакција е како еден потег со четката. Да се наслика една совршена слика може да изгледа неверојатно во нашето родителско секојдневие. Без разлика дали имате непроспиени ноќи со бебето, или го учите да употребува нокшир, дали му помагате на детето со домашна работа и училишни активности, или му ги давате клучевите од автомобилот, родителството е тешка работа. Мора да запомниме дека Бог не очекува ние сами да се справиме со тоа - Тој ги љуби нашите деца повеќе отколку што ние би можеле!

Еве два едноставни начини како да ги насочите своите деца кон Бог.

1. Молете се за вашите деца и молете се заедно со нив. Секој ден.За да изградите добра основа за нивната вера, постојаната молитва е неопходна. Молете се заедно со вашите деца и молете се за нив. Секој ден. Никогаш не престанувајте да се молите за вашите деца. Не дозволувајте нивните моментални околности да ја засенат Божјата моќ. Дури и доколку вашето дете моментално бега од Бог, Тој секогаш е само една молитва оддалечен од нив. Молитвата може да промени сè.

2.Не го правете тоа сами.Велат дека за воспитување на едно дете треба цело село. Вам ви се потребни луѓе во вашите животи кои ќе помогнат да се насочат децата во правилна насока. Посетувајте црква како семејство. Служете во црквата како семејство. Приклучете се на некоја мала група во која има луѓе на кои ќе се потпрете во текот на вашето родителство. На сите нас ни треба заедница, па затоа е од суштинска важност за нас и нашите деца да имаме едни силни взаемни врски основани на верата.

Никогаш не е доцна да се започне со инвестирање во верата на вашите деца. Никогаш не е ниту прерано да се започне. Поставете го детето на патеката на верата и насочувајте го кон Бог уште сега.

Тод Доберстајн
YouVersion Product Manager

Свето Писмо

Ден 2

Опис за овој план

7 Things The Bible Says About Parenting

Воспитувањето деца е тешко, па дури и во најдобрите околности. Во ова седумдневно читање, едни обични родители - кои истовремено се и вработени во YouVersion - раскажуваат како ги применуваат библиските принципи во оваа важна област од нивните животи. Читањето за секој ден опфаќа по една слика за библиски стих која можеш да ја употребиш за да ти помогне во твоето патување.

More

Благодарни сме на Life.Church за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, посетете го: http://www.bible.com/reading-plans