7 нешта од Библијата за родителствотоПримерок
Беше јуни 2010 година и заедно со мојата сопруга го очекувавме нашето прво дете. Бевме на вечера со мојот татко, па јас одлучив да побарам малку мудрост од него. Го замолив татко ми да ми го даде најдобриот совет од неговото долгогодишно искуство како родител.
Тој размислуваше кратко и потоа ми кажа една аналогија која никогаш нема да ја заборавам. Татко ми рече дека родителството е како една скала, но не како скала за мерење тежина, туку повеќе како вага што се појавува кај симболот за правда. Од едната страна имате љубов, а од другата страна дисциплинирање. Ако се користи премногу само едното без другото тогаш ќе му се наштети на детето.
Потоа тако ми објасни дека колку повеќе љубов му покажувате на детето, толку повеќе ќе го прими вашето дисциплинирање. Исто така, ако употребувате повеќе дисциплинирање, тогаш треба да ги уверите колку многу ги сакате. Премногу љубов без дисциплина ќе го разгали детето, а премногу дисциплинирање без љубов ќе го оштети детето емотивно и ќе го оддалечи од нас.
Од тогаш наваму често пати сум размислувал за поврзаноста помеѓу корекцијата и љубовта. Верувам дека често пати родителите се чувствуваат лошо кога ги караат своите деца. Дефинитивно тоа не е забавно. Тешко е, но е добро. Затоа моето охрабрување до вас е да применувате соодветно ниво на дисциплина врз вашето дете за да може тоа да знае дека го љубите и дека се грижите за него.
Исто како што ние ги сакаме своите деца и при тоа треба да ги дисциплинираме, нашиот Небесен татко ги љуби своите деца и ги дисциплинира. Доколку го имате прифатено Христос како ваш Господ и Спасител, тогаш Бог е вашиот Татко. Присвоени сте во Неговото семејство.
Бред Белји
YouVersion Engineer
Свето Писмо
Опис за овој план
Воспитувањето деца е тешко, па дури и во најдобрите околности. Во ова седумдневно читање, едни обични родители - кои истовремено се и вработени во YouVersion - раскажуваат како ги применуваат библиските принципи во оваа важна област од нивните животи. Читањето за секој ден опфаќа по една слика за библиски стих која можеш да ја употребиш за да ти помогне во твоето патување.
More