Исус ме сакаПримерок
За ова сум сигурен
Ние не можеме да го заслужиме спасението преку макотрпни обиди или добри дела: “Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој.” (Ефешаните 2:8-9 Mkb). Преку верата во Исус, ние ја добиваме Божјата сила во животот која нѐ носи до спасение: “Зашто, јас не се срамам од Евангелието, бидејќи тоа е Божја сила за спасение на секој кој верува,” (Римјаните 1:16 Mkb).
Дали се сеќаваш на моментот кога во твојот живот ја донесе одлуката да веруваш во Христос? Денешниот ден е посветен на одлуката да се избере Исус за свој Спасител и Цар и за тоа колку е важно за тебе со сигурност да можеш тоа да го кажеш. За да го примиш Неговиот бесплатен подарок, треба едноставно да изјавиш дека Исус е Господ и да веруваш со сето срце дека Бог го воскресна од мртвите.
Следната молитва можеш да ја употребиш за да ги пренесеш овие вистини од твојот ум до твоето срце, да преминат информациите од обични факти во вистинска вера. Зборовите употребени во оваа молитва не се магични, но идеите во неа ја содржат сета сила на универзумот доколку вистински се молиш од сѐ срце, понизно и со вера во твојот Создател.
Драг Исусе,
јас доаѓам пред Тебе семоќен Господе и признавам дека мојот живот е полн со недостатоци. Јас имам грев и многу пати згрешив пред тебе. Исусе, ти благодарам што умре на крстот за моите гревови и грешки, затоа денес те прифаќам како свој Господ и Водач во мојот живот. Се каам, ја оставам мојата гордост, верувам во Тебе со сето мое срце и избирам да те следам во овој живот. Јас го барам бесплатното спасение од тебе, Господе, помогни ми од овој момент да живеам како ново создание. Се молам во Твоето свето име и верувам во Твоите чудесни дела Исусе. Амин.
Од моментот кога ќе поверуваш во Исус, нешто натприродно почнува да се случува во твојот живот и во твојата вечност. Бог те ослободува од гревот и прави место за тебе во Неговиот дом, те посвојува во Неговата фамилија. Бог е твојот Татко и Тој те љуби. Исто така добиваш и духовна фамилија од други верници кои ќе те придружуваат на патот и ќе те охрабруваат додека чекориш кон рајот.
Дали си ја прифатил покана од Христос да станеш член на Неговата фамилија? Потцртај го овој ден во твојот календар како денот кога ја донесе оваа одлука!
Свето Писмо
Опис за овој план
Каков би бил твојот одговор доколку некој те праша “Што треба да верувам за да кажам дека сум христијанин?“ Преку пеење на едноставни стихови од една песна, “Знам дека Исус ме сака, тоа го читам во Библијата”, еден новинар кој постанал пастор ќе ти помогне да разбереш во што веруваш и зошто. Најдобро продаваниот автор на книги Џон С. Дикерсон јасно и со вера ќе ги објасни основните христијански уверувања и даде моќно претставување на нивната важност.
More