Исус ме сакаПримерок
Исус—целосно Бог и целосно човек
Исус е Бог: “Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог.” (Јован 1:1 Мкв). Исус е 100% човек: “Имајте ја во себе истата мисла, која беше и во Исуса Христа; Кој, иако е во Божјо обличје, не го сметаше како грабнато - тоа што е еднаков со Бога, туку се лиши Самиот Себе, и зеде обличје на слуга станувајќи сличен со луѓето. И откако се најде во лик како човек, Тој се понизи Самиот Себе и стана послушен до смрт, дури и до смрт на крст.” (Филипќаните 2:5-8 MKBkb).
За да воспоставиш правилни основи на верата не треба да “бидеш коректен“ туку да “дозволиш да бидеш корегиран“ пред Бог, на истиот начин како што го поместуваш кабелот за да влезе во штекерот со цел да проработи електронскиот уред, така треба јас и ти да се прилагодиме на реалноста на универзумот по Божјите принципи опишани во Библијата.
Кога некој ќе ти каже следниот пат “Кој може да каже кој е Исус?” можеш да одговориш со едноставната вистина: “Дали би дозволил Исус да ти каже за себе, да ти одговори на тоа прашање преку зборовите кои Тој ги кажал?” Всушност, Исус на многу начини и преку многу случки и дела има дадено одговор на ова прашање, како на пример еднаш кога ги праша Своите 12 најдобри пријатели за тоа што мислат тие, кој е Тој.
Целиот овој разговор можеме да го прочитаме во евангелието според Матеј 16-та глава каде Исус ги прашува учениците, “А што велите вие? Што сум јас?” (Стих. 13–15). Учениците знаеа за тоа дека Исус е единствениот пат до рајот и вечниот живот (Јован 14:6) исто како што знаеа дека Исус има неверојатна моќ да прави чуда и видоа како илијадници луѓе поверуваа дека Тој е Бог.
Интересно е дека Исус во овој разговор ја употребува фразата “Синот човечки“ кога реферира на себеси и потенцира дека Тој е целосно човек. Генерално звучи чудно еден обичен човек да каже—дека е човек, но и ти да си цела вечност единствениот семоќен Бог и одеднаш се симнеш на земјата во форма на човек, можеби и ти би го кажал истото. Ова беше омилениот начин на кој Исус се опишуваше себеси.
Да се вратиме назад на прашањето кое Неговиот ученик Петар го одговори директно кога го погледна во очи и Му кажа, “Ти си Христос, Синот на живиот Бог” (Матеј 16:16).
Зошто нашето верување за Исус треба да биде оформено од примерот кој Тој го даде? Зошто е важно ова верување да биде исправно?
Опис за овој план
Каков би бил твојот одговор доколку некој те праша “Што треба да верувам за да кажам дека сум христијанин?“ Преку пеење на едноставни стихови од една песна, “Знам дека Исус ме сака, тоа го читам во Библијата”, еден новинар кој постанал пастор ќе ти помогне да разбереш во што веруваш и зошто. Најдобро продаваниот автор на книги Џон С. Дикерсон јасно и со вера ќе ги објасни основните христијански уверувања и даде моќно претставување на нивната важност.
More