Исус ме сакаПримерок
Ме
Фасцинантно е да го гледаш човештвото од Божја перспектива—стотици милиони луѓе секојдневно носат илијадници одлуки. Бог ги гледа убијците, дилерите на дрога, ја гледа трудната жена која се дрогира и му штети на нејзиното бебе, ги гледа насилните мажи и татковци кои им штетат на луѓето кои би требало да ги заштитат. Тој ги гледа војните, расизмот, неправдата и фанатизмот.
Во исто време, секојдневно, Бог гледа милиони добри мајки кои ги лулаат своите бебиња и ги негуваат во текот на ноќта. Гледа и татковци кои со љубов ги поучуваат нивните ќерки како да возат велосипед. Гледа и херои кои ги жртвуваат своите животи и удобност за да спасат други луѓе.
Што мислиш дека чувствува Бог додека го гледа—доброто и лошото—хаосот во кој се наоѓа човештвото? Претпоставувам дека ова единствено прашање—Што гледа Бог во мене?— одговара на сите универзални прашања на човештвото.
Бог гледа во една славна рушевина која сака да ја обнови.
- Славна. Создадени сме по Божјиот лик и сме наследиле достоинство и вредност која не може никој да нѝ ја одземе.
- Рушевина. Ти, исто како и јас и секоја друга личност која ќе ја сретнеш, сме опфатени до некој степен од злото во овој свет.
- Вредни за обнова. Бог посакува да те обнови и да те донесе до оригиналната состојба како што било на почетокот. Тој сака да живееш незагаден живот, ослободено од страв и од смрт, ослободено од поделбата, болката, скршеноста или било какво зло.
Секое човечко суштество без оглед на тоа колку е скршено, полно со мани или злобно сепак има траги од оригиналната состојба која Бог ѝм ја даде на почетокот на сите луѓе.
Во исто време, секој човек, без оглед на тоа колку е талентиран, морален или добар, е до некој степен извалкан од злото кое го загушува овој свет и гревот што го избравме сите ние како луѓе.
Во Ефесјаните 2:10, Бог те опишува како Негово ремек дело, извајана поема. Сите ние кои веруваме во Господарот дека ќе нѐ обнови во вечноста, ќе не просветли и ќе објави дека не само што е Тој најмоќното битие во универзумот, не само што е брилијантен Создател туку е и крајниот Откупител кој го обновува сето она што злото сака да го уништи. Ова е нашиот идентитет во Христос.
Кој дел од твојот живот знаеш дека е “руиниран“? Во кој дел од твојот живот сметаш дека имаш најголема потреба од Божјата сила за обнова и сакаш да доживееш обнова?
Опис за овој план
Каков би бил твојот одговор доколку некој те праша “Што треба да верувам за да кажам дека сум христијанин?“ Преку пеење на едноставни стихови од една песна, “Знам дека Исус ме сака, тоа го читам во Библијата”, еден новинар кој постанал пастор ќе ти помогне да разбереш во што веруваш и зошто. Најдобро продаваниот автор на книги Џон С. Дикерсон јасно и со вера ќе ги објасни основните христијански уверувања и даде моќно претставување на нивната важност.
More