Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исус ме сакаПримерок

Jesus Loves Me

4 ДЕН ОД 7

Љуби

Денес ќе разгледаме зошто се важни делата на Месијата—Исус Христос—за нас. Неговите дела претставуваат пример за тоа како треба да се пренесе суштината на љубовта према луѓето. Тој умре на крстот за да плати за гревовите на овој свет—ја плати казната за твојот и мојот грев. Земајки го ова во предвид може да се запрашаме што значи тоа “Исус ме љуби“ или што воопште значи зборот “љубов“?

Исус по своја волја го даде Својот живот на крстот за да те спаси тебе од гревот и смртта. Овозможен ти е нов живот од моментот кога ќе поверуваш во Него и доживееш спасение, што во суштина значи дека имаш можност да доживееш:

мир во моментите кога би требало да чувствуваш неспокој,

ослободување од срамот во моментите кога би требало да се чувствуваш виновно,

ослободување од гревот што вообичаено би те ставило во состојба на заробеништво,

идентитет на духовна совршеност (светост),

посвојување во Божјото семејство наместо да живееш осамено, 

и осигурување дека ќе се чувствуваш сакано.

Ова значи дека ѝ се допаѓаш на најважната личност во собата каде што се наоѓаш, најважното битие кое постои во универзумот и начинот на кој Исус—кој е Бог—ја докажува Неговата љубов према тебе, е преку едно драматично дело во кое Тој своеволно го жртвува Својот живот за да те спаси.

Откако ќе поверуваш во Божјата љубов, можеш да ја молиш оваа молитва за помош при увид во начинот на кој Исус лично тебе ти помага и ти искажува љубов со тоа што се жртвуваше на крстот.

Драг Исусе,

Јас сакам да го примам дарот што Ти нѝ го овозможи на сите нас во мометот кога умре на крстот. Јас верувам дека Ти на тој начин ја докажа твојата љубов за мене и плати цената за сите гревови со цел да ме спасиш. Ти благодарам што го понесе мојот грев на Тебе и што умре наместо мене. Благодарам што нѝ овозможи опростување, вечен живот и лична врска со Бог. Исусе, Ти ми ја докажа Твојата љубов преку дела и те молам помогни ми јас да ја докажам мојата љубов према Тебе преку дела. Амин.

Кое е најпожртвуваното дело кое може една личност да го направи за друг, со цел да ја изрази својата љубов? Исус вака одговори на ова прашање: “нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели.“ (Јован‬ ‭15‬:‭13‬ ‭Мкв‬‬). Кога Исус го кажа ова, всушност Тој ја предвиде Неговата смрт на крстот: предвиде дека ќе го даде животот за Неговите пријатели, за тебе.


Љубовта се докажува преку дела со текот на времето и колку повеќе има пожртвувани дела, толку е поискрена љубовта. На кој начин ти ја покажуваш твојата љубов према луѓето кои ги сакаш во твојот живот? 

Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Jesus Loves Me

Каков би бил твојот одговор доколку некој те праша “Што треба да верувам за да кажам дека сум христијанин?“ Преку пеење на едноставни стихови од една песна, “Знам дека Исус ме сака, тоа го читам во Библијата”, еден новинар кој постанал пастор ќе ти помогне да разбереш во што веруваш и зошто. Најдобро продаваниот автор на книги Џон С. Дикерсон јасно и со вера ќе ги објасни основните христијански уверувања и даде моќно претставување на нивната важност.

More

Би сакале да се заблагодариме на Бејкер Паблишинг што нѝ го овозможија овој план за читање. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: https://bakerbookhouse.com/products/235847

Слични Планови