Божјиот план за твојот животПримерок
Што се случува кога не го гледаме Божјиот план?
Во Стариот завет Еремија беше пророк, кој на луѓето што требаше да заминат на егзил во Вавилон, им ја пренесе пораката од Бог . Тие со сигурност не сакаа да заминат таму. Тоа не им беше во план. Наместо Бог веднаш да ги спаи, Тој им порача „да си изградат домови и да планираат да останат“ (Еремија 29:5) и да „бараат мир во земјата во која ги одведе Бог.“ (Еремија 29:7)
Неколку стихови подоцна, Бог вели, … „Ќе бидете во Вавилон за седумдесет години. Јас ќе ве посетам та ќе ви го исполнам доброто ветување за да ве вратам дома на ова место.“ Еремија 29:10 (наш нагласок)
Седумдесет години! Повеќето од нас не се доволно трпеливи да почекаат за нешто 70 секунди, а камо ли 70 години.
Сето тоа е контекст за следниот стих кој најверојатно си го слушнал претходно: „Зашто Јас ги знам Своите замисли за тоа што имам намера со вас - зборува Господ - замисли за мир, а не за несреќа: да ви дадам иднина и надеж.“ Еремија 29:11
Еве три нешта за Божјиот план кои треба да ги знаеш:
1.) За добрите планови потребно е време. Бог им кажа на Израелците дека ќе бидат во заточеништво 70 години. Многи од оние луѓе кои ја слушнале таа порака не доживеале да го видат исполнувањето на тоа ветување. Понекогаш може да ни се чини како да е потребна вечност за Бог да ни го открие Неговиот план за нас. Реалноста е дека можеби нема да го видиш резултатот од она што го планира Бог за твојот живот - можеби твоето влијание ќе биде врз следните генерации, а да не си свесен за тоа!
2.)Времето поминато во чекање не е загубено време. Забележи дека Бог не им кажа на Израелците само да чекаат и ништо да не прават 70 години. Тој им рече да работат за мирот и просперитетот на семјата во која ги испрати. Било каде и да се наоѓаш сега, Бог може да те употреби! Не пропуштај да направиш нешто за Царството сега наместо да чекаш некои други времиња кои Бог сè уште не ги донел.
3.) Неговите планови се добри. Без разлика во какво време живееш сега, ветувањето од Еремија 29:11 сè ште е вистинито: Бог има добри планови за тебе - планови за идниниа и надеж. Можеби не изгледа така во моментот, но доколку продолжиш да му веруваш на Бог за твојата иднина, ќе видиш добрина кога ќе стигнеш таму.
Свето Писмо
Опис за овој план
Кој е Божјиот план за твојот живот? Тоа е едно од највообичаените прашања кои ги имаме како следбеници на Христос. Но, доколку сме искрени, идејата за еден Божји план за нашите животи може да ни изгледа преголема. Во текот на ова шест-дневен план за читање ќе научиме дека Божјиот план не е толку сложен како што често си замислуваме, туку е многу подобар отколку што можеме да замислиме.
More