Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Божјиот план за твојот животПримерок

God’s Plan For Your Life

1 ДЕН ОД 6

Божјиот план не е толку сложен колку што си мислиш

Дали некогаш си слушнал дека Бог „има план за твојот живот“? Често пати нашите родители или други добронамерни луѓе ни зборувале за Божјиот план со цел да нè охрабрат, но, доколку сме искрени, понекогаш тоа само ни создавало несигурност! Но еве што е всушност работата: Божјиот план не е толку сложен како што мислиш. 

Во стариот завет има една приказна за еден човек по име Аврам. Битие 12:1 вели дека Бог му кажа на Аврам да излезе од неговата земја и да оди на местото кое ќе му го покаже Тој. Да ја напуштиш својата родна земја, својот дом, за некое место за кое сè уште не си ни слушнал? Тоа звучи доста страшно! Сепак во Битие 12:4 е напишано дека „…Аврам тргна, како што му рече Господ…“ 

Бог никогаш не му даде на Аврам целосно нацртан план. Тој не му даде некои детали што најверојатно предизвика Аврам да не се чувствува најудобно. Наместо тоа, Бог му даде инструкции за следниот чекор што сакаше да го направи.

Малку предвреме да откриеме што се случува потоа: Поради неговата послушност, Бог подоцна му го менува името на Аврам во Авраам, име кое значи „татко на многумина“. И Авраам навистина стана татко на многу народи! Всушност, Авраам се појавува повторно во Евреите 11 во делот за славните јунаци на верата. Мошне убаво, нели? 

Аврам е одличен пример за некој кој живее со помош на верата - па дури и ако гледа само еден дел од Божјио тплан за неговиот живот. Тој сигурно не бил совршен човек, но неговиот живот беше исполнет со моменти на послушност кон Бог, дури и кога тоа немаше некаква смисла. 

Така, што се однесува до Божјиот план за нашите животи, така Бог дејствува и со нас - ни говори преку Неговото Слово (Библијата) и ни дава водство за следните неколку чекори пред нас. Таков е всушност Божјиот план. Тоа е една серија на чекори кои ги правиме во послушност кон Бог. 

Псалм 119:105 вели дека Божјото Слово е светилка кој ги води моите чекори и светлина на патеката. Овој стих не се однесува на собната ламба која можеби свети во твојата спална соба и која ја осветлува целата соба. Наместо тоа, овој стих се однесува на нешто што наликува на мала свеќа. Тоа не би дало многу светлина - само доволно за да се види што има директно пред тебе. Тоа би било како да влегуваш во темна соба со мала батериска ламба - и гледаш само неколку чекори пред тебе. 

Исто како со Аврам, Бог нема да ни даде целосно исцртан план за нашите животи. Дококлу ни дадеше таков план, немаше да имаме потреба од вера и доверба во Него! Наместо тоа, Бог сака да ни зборува преку Неговото Слово и преку верните Христови следбеници во нашите животи за да ни помогне со следното нешто - само со следниот чекор. 

Ден 2

Опис за овој план

God’s Plan For Your Life

Кој е Божјиот план за твојот живот? Тоа е едно од највообичаените прашања кои ги имаме како следбеници на Христос. Но, доколку сме искрени, идејата за еден Божји план за нашите животи може да ни изгледа преголема. Во текот на ова шест-дневен план за читање ќе научиме дека Божјиот план не е толку сложен како што често си замислуваме, туку е многу подобар отколку што можеме да замислиме. 

More

Би сакале да се заблагодариме на Trinity New Life Church за овој план. За повеќе информации посетете ја: www.life.church