Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Божјиот план за твојот животПримерок

God’s Plan For Your Life

3 ДЕН ОД 6

Како да го откриеш Божјиот план за твојот живот? 

Доколку некогаш си учествувал во трка, тогаш сигурно знаеш колку е важно да се одржува правилно темпо. Доколку трчаш премногу споро тогаш ќе заостанеш и другите ќе те поминат. Ако трчаш пребрзо, тогаш може брзо да се измориш и да немаш сили да ја довршиш трката. 

Одредувањето на вистинското темпо додека трчаш може да биде тешко. За среќа, кога зборуваме за христијанскиот живот, имаме некој кој го одредува темпото за нас. 

Галатите 5:25 вели дека треба „да живееме според Духот и да го следиме Духот.“ 

Доколку треба да држиме чекор со Духот, тоа значи дека Светиот Дух го одредува нашето темпо. Не треба да заостануваме ниту да брзаме напред - треба да останеме во исто темпо со Него.

Кога одиме во чекор со Духот, Тој ни дава мудрост и проникливост кои ќе ни помогнат во донесувањето на нашите одлуки. Изреки 3:6 вели дека кога се покоруваме на Бог, Тој ги води нашите патеки и ни помага истите да ги исправиме.

Во ред, сето тоа звучи одлично како теорија. Но како всушност да одиме во чекор со Духот?

Еве три начини како можеме да започнеме:

1.) Барај го Бог преку Неговото Слово. Бидејќи го читаш овој план преку апликацијата Библија, сигурно си на добар пат и веќе го правиш овој чекор! Нека ти биде навика да го читаш Божјото Слово секој ден. Има многу различни библиски планови за читање, а доколку ти треба отчетност, можеш да читаш и заедно со твојата мала група!

2.)Моли се редовно. Нека не те плаши идејата за молитва. Молитвата едноставно е зборување со Бог и потоа слушање на Бог. Доколку лесно ти се одвлекува вниманието (како на сите нас), тогаш може да ти помогне да си запишеш за што сакаш да се молиш на пример во апликацијата "Notes". 

3.)Остани во заедништво. Да се остане во чекор со Духот значи да се биде опкружен со други следбеници на Христос кои се твои истомисленици. Најдобар начин како да се биде во постојано заедништво е преку твојата мала група за библиски проучувања или преку редовно посетување на Црквата. Уште подобро од тоа е да започнеш со нешто да служиш и помагаш во Црквата. Така ќе запознаеш нови луѓе и ќе развиеш подлабоки пријателства со други христијани. 

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

God’s Plan For Your Life

Кој е Божјиот план за твојот живот? Тоа е едно од највообичаените прашања кои ги имаме како следбеници на Христос. Но, доколку сме искрени, идејата за еден Божји план за нашите животи може да ни изгледа преголема. Во текот на ова шест-дневен план за читање ќе научиме дека Божјиот план не е толку сложен како што често си замислуваме, туку е многу подобар отколку што можеме да замислиме. 

More

Би сакале да се заблагодариме на Trinity New Life Church за овој план. За повеќе информации посетете ја: www.life.church