Божјиот план за твојот животПримерок
Три непишани правила за плановите
Замисли ја следнава ситуација: Купуваш нова кошула и едвај чекаш да ја носиш на училиште бидејќи знаеш колку е модерна, па со тоа конечно ќе го привлечеш вниманието на она слатко момче односно девојка. Внимателно планираш што ќе облечеш за сè да биде ускладено. Но при паузата јадење, се случува трагедија: ти се истура кечап врз целата нова кошула - токму во моментот кога твојата вечнасимпатија поминува покрај тебе.
Понекогаш животот не оди онака како што сме испланирале.
Во Библијата има една приказна за еден човек по име Гидеон. Не само што Гидеон припаѓаше на најслабото израелско племе Манасија, но тој беше и најслабиот член во неговото семејство. Тој дефинитивно не личеше на некој што Бог би го одбрал. Подоцан, Бог го води Гидеон во битка против Мадијамците, едно непријателско племе, со 38.000 војници. Потоа, Бог му вели на Гидеон дека неговата војска е преголема и дека ако ги поразат Мадијамците, тогаш ќе личи како да го направиле тоа со своите сили. Па така, Гидеон испраќа 20.000 војници дома. Но Бог му вели дека повторно се премногу, па така на крајот Гидеон останува со само 300 војници. Бог му дава на Гидеон и Израел победа над Мадијамците само со 300 војници - нешто што сигирно не беше планот на Гидеон од почетокот.
Кога размислуваме за иднината и за тоа што има Бог за нас, важно е да запомниме дека работите не се одвиваат секогаш онака како што ние ги планираме.
Всушност, постојат три, непишани правила за плановите кои треба да ги знаеш:
1.) Планирај да започнуваш одново.Животот е како една серија на нови почетоци. Штом ќе авршиш основно, следува средно образование. Само што ќе се навикнеш на придобивките и предизвиците од средното, ќе дојде време да се спремиш за факултет и да станеш возрасна личност Вистината е дека нема крај. Научи да започнуваш одново. Кога се менуваат плановите, прифати ја промената. Не можеш да знаеш што наумил Бог. Прифатете ја моменталната фаза од животот.
2.) Планирај да кажеш не.Понекогаш потребно е да кажеме „не“ на некои добри работи за да можеме да кажеме „да“ на најдобрите нешта. Не можеме да направиме сè. Моли се за мудрост за да знаеш каде да го вложиш времето за да имаш најголемо влијание за Божјото царство.
3.) Планирај да бидеш креативен. Божјите планови понекогаш ќе нè одведат по патишта кои не ги очекуваме. За Гидеон тоа значеше да употреби нешто што веќе го имаше - глинени садови со факели наместо класични оружја за борба. Употреби ги даровите што ти ги дал Бог денес. Не грижи се за она што го имаат другите луѓе. Препознај дека она што ти го дал Бог со Негова помош постигнува многу повеќе отколку што можеш да замислиш.
Свето Писмо
Опис за овој план
Кој е Божјиот план за твојот живот? Тоа е едно од највообичаените прашања кои ги имаме како следбеници на Христос. Но, доколку сме искрени, идејата за еден Божји план за нашите животи може да ни изгледа преголема. Во текот на ова шест-дневен план за читање ќе научиме дека Божјиот план не е толку сложен како што често си замислуваме, туку е многу подобар отколку што можеме да замислиме.
More