Божјиот план за твојот животПримерок
Не дозволувај стравот да те стопира
Најверојатно во твојот живот следуваат големи нешта. Матура. Факултет. Работа. Возрасни нешта.Лесно е човек да се почувствува преоптоварено - всушност, можеби се чувствуваш како да не знаеш што правиш!
Исус Навин беше во иста позиција. Во Библијата, Мојсеј беше единствениот водач кој го имале Израелците. Тој бил одговорен за сè, во буквална смисла. Исус Навин му беше помошник на Мојсеј. Потоа, Мојсеј умре, па така целата одговорност за водство на Израелците му припадна на Исус Навин. Звучи како огромен притисок, нели?
Како што му даваше Бог совети на Исус Навин, Тој го кажа следново три пати:
„Биди силен и храбар.“
Бог знаеше дека на Исус Навин му претстоеше огромна задача. Тој знаеше дека Исус Навин беше најверојатно преплашен. Но Бог исто така знаеше дека има план за него и дека ќе оди со Исус Навин. Затоа Исус Навин можеше да биде силен и храбар - знаеше дека го има Бог на негова страна.
Најинтересната работа е дека Бог ќе биде и со тебе. Исто како и Исус Навин, Бог сака и ти да бидеш силен и храбар кога ќе навлезеш во следната фаза од твојот живот.
Без разлика дали си преплашен поради матурата, одењето на факултет или започнувањето на кариера, ако се соочуваш со некаква криза или ако едноставно сеплашиш од иднината, Бог е со тебе. Исто како што спомнавме во читањето за првиот ден од овој план, нема да го знаеш целосниот план. И покрај тоа, можеме да му веруваме на Бог за нашата иднина знаејќи ги Неговите планови кои секогаш се подобри од нашите.
И конечно, знај дека Бог се грижи за тебе и те сака повеќе отколку што можеш да сфатиш. Без разлика низ што ќе те поведе животот, Бог никогаш нема да те напушти ниту ќе те заборави. Животот се менува, но Бог никогаш не се менува, а не се менува ниту Неговата љубов кон нас. Затоа запомни го ова: Божјиот план може нема секогаш да биде јасен, но е секогаш подобар од она што ќе го побараш или замислиш. Кога навистина ќе го знаеш и веруваш тоа - тогаш ќе бидеш спремен за било што.
За повеќе бесплатни материјали за теми слични на оваа посетете ја страницата www.finds.life.church
Опис за овој план
Кој е Божјиот план за твојот живот? Тоа е едно од највообичаените прашања кои ги имаме како следбеници на Христос. Но, доколку сме искрени, идејата за еден Божји план за нашите животи може да ни изгледа преголема. Во текот на ова шест-дневен план за читање ќе научиме дека Божјиот план не е толку сложен како што често си замислуваме, туку е многу подобар отколку што можеме да замислиме.
More