Божјиот план за твојот животПримерок
Божјиот план за твојот живот повеќе се однесува за тоа кој си ти отколку за тоа што правиш.
Што треба да правам?
Веројатно често пати си го поставил тоа прашање, посебно кога треба да донесеш важна животна одлука, како на пример на кој факултет да се запишеш или каква карера да избереш.
Едно слично прашање му постави еден религиозен водач на Исус во Библијата: „Која е најголемата заповед во Законот?“(Матеј 22:36) Со други зборови: што треба да правам?
Во следниот стих го читаме одговорот на Исус: „Љуби Го Господа твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа и со сета твоја мисла! Тоа е најголемата и прва заповед; а втората е слична на неа: „Љуби го твојот ближен како себеси!” (Матеј 22:37-39, со наш нагласок)
Кога се обидуваме да го откриеме Божјиот план за нашите животи, може да започнеме со овие две нешта ко Исус ни вели да ги правиме:
1.) Љуби го Бог.
2.) Љуби ги другите луѓе.
Веројатно си мислиш, тоа звучи одлично, но како да знам на кој факултет да се запишам или која кариера да ја одберам?
Тоа е фер прашање. Еве ја добрата вест: Доколку го следиш Исус и си опкружен со побожни луѓе, тогаш Светиот Дух ќе ти помогне и ќе ги води твоите одлуки.
Можеби се двоумиш помеѓу два факултети кои се подеднакво добри и се прашуваш на кој факултет Бог сака да се запишеш. Ајде да видиме што кажа претходно Исус за двете најголеми заповеди: да го љубиме Бго и да ги љубиме луѓето. Дали можеш да го љубиш Бог и да ги љубиш луѓето и на двата факултети? Ако одговорот е да, тогаш не е важно кој факултет ќе го одбереш. Бог може да те употреби и на двете места.
Што се однесува до нашите идни одлуки, Бог не ни одговара секогаш со „да“ или „не“. Тоа може да звучи збунувачки, но има доста слобода кога ќе сфатиш дека Божјиот план за твојот живот повеќе се однесува на тоа каков стануваш отколку за тоа што правиш.
Дали тоа значи дека сами ги донесуваме сите одлуки и живееме како што сакаме? Се разбира не! Можеби нема секогаш да ја знаеме Божјата волја, но, можеме секогаш да одиме по Божјите патишта. Што значи тоа? Тоа значи дека дури и да не знаеме што е следното нешто во нашите животи, можеме да продолжиме да му бидеме послушни на Бог за она што нè повикал да го правиме во овој момент. Тоа значи да го следиме Него, да живееме живот со интегритет, слушајќи и почитувајќи ги нашите родители и водачи и љубејќи ја секоја личност која Бог ја става во нашите животи.
Еве го најдобриот дел: Кога го следиме Христос, Тој ни дава мудрост преку Неговиот Свет Дух. (1 Коринќани 2:12-13) Тој ги обновува нашите мисли (Римјаните 12:2) и ни помага да се фокусираме на правилните нешта. Кога се опкружуваме со мудри луѓе (Изреки 13:20), тие ќе ни помогнат да ги донесеме вистинските одлуки. Еден најдобар начин да најдеме мудрост е преку молитва. Всушност, Јаков 1:5 вели дека ако побараме мудрост од Бог, Тој ќе ни даде!
Опис за овој план
Кој е Божјиот план за твојот живот? Тоа е едно од највообичаените прашања кои ги имаме како следбеници на Христос. Но, доколку сме искрени, идејата за еден Божји план за нашите животи може да ни изгледа преголема. Во текот на ова шест-дневен план за читање ќе научиме дека Божјиот план не е толку сложен како што често си замислуваме, туку е многу подобар отколку што можеме да замислиме.
More