Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Еремија 29:1-14

Еремија 29:1-14 MK2006

Еве ги зборовите од писмото, кое пророкот Еремија го испра­ти од Ерусалим до другите старешини меѓу преселените, до свештениците, до пророците и до сиот народ, кој Навухо­доносор беше го одвел од Ерусалим во Вавилон, откако беа излегле од Ерусалим царот Јехонија, царицата, дворјаните, кнезовите на Јудеја и на Ерусалим, др­воделците и ковачите, преку Елеаса, синот Сафанов, и преку Гемарија, синот на Хелкија, кои јудејскиот цар Седекија ги испрати во Вавилон до вавилонскиот цар Навухо­доносор, – вака вели Господ Саваот, Бог Из­раелов, до сите заробени, кои Јас ги преселив од Ерусалим во Вавилон – правете куќи и живејте во нив, саде­те градини и јадете ги плодовите нивни; женете се и раѓајте синови и ќерки; и на синовите земајте им жени и ќерки и мажете ги, за да раѓаат синови и ќерки, па размножувајте се таму, а не да се намалувате. Грижете се за доброто на градот, во кој ве преселив, и молете Му се на Бога за него; зашто ако му е нему добро, и вие ќе имате мир. Зашто, така вели Господ Саваот, Бог Израелов: нека не ве мамат вашите пророци, кои се меѓу вас и вашите баја­чи; и не верувајте им на соништата што ги сонувате. Лажно ви пророкуваат во Мое име; Јас не сум ги пратил, вели Господ. Бидејќи така вели Господ – кога во Вавилон ќе исполните седумдесет години, тогаш ќе ве посетам и ќе го исполнам Мојот добар збор за вас, за да ве вратам на ова место. Зашто само Јас ги знам замислите, што сум ги смислил за вас, вели Господ, замислите за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж. Па ќе повикате по Мене, ќе дојдете и ќе Ме замолите, и Јас ќе ве чујам; ќе Ме побарате, и ќе Ме најдете, ако Ме побарате од сѐ срце. Ќе Ме најдете, вели Господ, и ќе ве вратам од ропство и ќе ве соберам откај сите народи и од сите места, каде што ве изгонив, вели Господ, и ќе ве вратам онаму, од каде што ве преселив.