Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Божиќна приказнаПримерок

The Christmas Story

4 ДЕН ОД 5

Дојдовме за да Го прославиме

Бог на прославата за раѓањето на Исус, на наше изненадување, покани две групи од луѓе, кои нѝ укажуваат на нешто за Него. 

Првата група беа локални пастири на кои ѝм се објави ангел за да им ја каже добрата вест, за потоа пастирите да отидат да го прослават Исус.

Втората покана е до целиот свет. По раѓањето на Исус, се подигна звезда над Витлеем, која беше забележана од една група луѓе од другата страна на светот, кои почнаа да ја следат. Не знаеме многу за тие луѓе и колкумина биле вклучени, но знаеме дека тие стигнале до Исус и го прославиле со подароци. 

Што можеме да научиме од овие две групи на посетители, кои биле дел од приказната? Помеѓу останатото, ни укажуваат на тоа како Исус спојува секаков вид на луѓе во заедништво.

Пастирите биле слични на Марија и Јосиф. Сите тие биле обични луѓе, кои живееле во едно мало село и спојувале крај со крај работејќи за ситни пари.

Но, странските посетители беа многу поразлични. Тие доаѓаа од друга земја, имале различни верувања, но имале и многу големо богатство и влијание, што им недостасувало на Марија и Јосиф. 

Ние знаеме дека разликите можат да донесат поделба помеѓу луѓето. Тоа сме го виделе низ наши лични примери како и во животите на други луѓе, но Божиќната приказна ги поврзува сите луѓе. Бог сака сите да бидеме вклучени во Неговата фамилија, поради што ги повикува оние што се близу и оние што се далеку да го слават Исус.

Исусовото раѓање сплотува различни типови на луѓе. Овој пример може да го видиме преку Божиќната приказна, но се повторува и многу пати во текот на животот на Исус. Тој изгради врска со луѓе што доаѓаат од различна позадина и преку тие врски помогна да се срушат општествените, економските и политичките бариери што не одвојуваат.  

Бог ја гради својата глобална фамилија — и нѐ води до откажување од „ние против нив“ начинот на размислување, што е една од работите што ја прославуваме за Божиќ: Исус ни ја претстави моќта на понизноста, поврзувањето и емпатијата.

Моли се: Драги Боже, ти благодарам што ме повика да бидам дел од твојата глобална фамилија. Те молам помогни ми да бидам свесен за тоа како да градам врски со луѓе што се разликуваат од мене и покажи ми кого да поканам да оствари врска со Тебе. Во името на Исус, амин.

Ден 3Ден 5

Опис за овој план

The Christmas Story

Во секоја добра приказна постои заплет—некој неочекуван момент што менува сè. Божиќната приказна претставува еден од таквите најголеми заплети во Библијата. Во текот на следните пет дена ќе го истражуваме тоа на кој начин овој единствен настан го смени светот и како може да го смени твојот живот уште денес.

More

Би сакале да им се заблагодариме на Лајф.Чрч што го овозможија овој план за читање. За повеќе информации, ве молиме посетете ја веб-страната: www.life.church