Божиќна приказнаПримерок
Синот Давидов
Како да му кажеш на својот свршеник дека си трудна и го носиш Спасителот на човештвото ветен од Бог? Ова е прашањето коешто Марија си го поставила откако слушнала за добрата вест и кога Јосиф дознал за ова, најпрво сакал да ја раскинат врската, но Бог имал план и Јосиф да биде вклучен во приказната.
Низ денешните стихови од Светото писмо ќе прочитаме за тоа како Бог му испраќа на Јосиф гласници, кои му ги објаснат деталите за ситуацијата. Гласниците го нарекле Јосиф „син Давидов“, што е многу чудно поради фактот дека името на татко му не било Давид.
Давид живееше обичен живот илијадници години пред Марија и Јосиф во еден мал град каде што бил овчар, но еден ден се случи Бог да испрати гласници во Витлеем за да му кажат на Давид дека е избран да биде цар.
Бог исто така вети дека еден од Давидовите потомци ќе создаде ново и подобро царство, кое ќе биде за благослов на целиот свет. Давид и неговите потомци имаа многу маани и често носеа лоши одлуки, што го донесе нивното царство во пропаст, па луѓето знаеа дека ако сакаат да живеат во ново и подобро царство имаат потреба од нов и подобар Давид. Тие со генерации чекаа да пристигне „синот Давидов“.
И повторно се враќаме назад кај Јосиф, кој е потомок на овчарот што стана цар, кој не беше совршен исто како и претходните потомци на Давид, ама преку Марија — која стана негова сопруга, на светот ќе дојде вистинскиот совршен Давидов син. Иако Јосиф не му беше биолошки татко на Исус, тој го израсна Исус во заедништво со Марија — и Му ја овозможи фамилијарната врска со Давид.
Јосиф ја однесе Марија во Витлеем, кој беше роден град на Давид, за да се породи и да го донесе на свет Исус, вистинскиот Син Давидов. И, што мислиш, кои беа првите луѓе што дознаа за Синот Давидов кога таа се породи? Се разбира, овчарите.
Божиќната приказна нѐ потсетува дека сите ние сме дел од нешто поголемо од себе. Бог низ годините работел со луѓето за да ја направи земјата да наликува на рајот, а Давид имал своја улога во таа задача исто како што имал и Јосиф. Приказната не завршува тука, сега е нашиот ред.
Како да го следиме нивниот пример? Една од трагите се наоѓа во денешните стихови, погледни како Јосиф одговара на Божјиот повик и ќе забележиш дека тој слуша, верува и пожртвувано им помага на другите. Кога ние носиме слични одлуки на овие, помагаме Божјата приказна да продолжи да се случува.
Моли се: Драги Боже, ти благодарам што нѐ покани да бидеме дел од Твојата приказна. Јас знам дека имам своја улога во задачата да ја направиме земјата да наликува на рајот затоа те молам помогни ми да бидам свесен за твојот повик да направам разлика во животот на луѓето. Во името на Исус, амин.
Свето Писмо
Опис за овој план
Во секоја добра приказна постои заплет—некој неочекуван момент што менува сè. Божиќната приказна претставува еден од таквите најголеми заплети во Библијата. Во текот на следните пет дена ќе го истражуваме тоа на кој начин овој единствен настан го смени светот и како може да го смени твојот живот уште денес.
More